Русија ги интензивираше подготовките за присилна евакуација на цивили од окупираните региони на јужна Украина на Крим, тврди украинската армија. Генералштабот на украинските вооружени сили објави на Фејсбук дека официјални лица назначени од Русија го испрашуваат и проверуваат локалното население во Мелитопол и Скадовск, пишува Украинска правда.
Украинската војска тврди дека проверувале дали имаат руски пасош, дали се пријавени и какво е нивното образование. „Од тие области заминуваат автобуси со оние кои сакаат да се евакуираат. Окупаторите шират информации дека присилната евакуација на цивилното население ќе започне кон крајот на април, вели Генералштабот.
Украинската армија вчера соопшти дека Русија со насилни методи ги принудува цивилите на окупираните територии да побараат руски пасоши.
Г. Т.