ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата во КСП Центар Јадро

April 10, 2023 12:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во склоп на долгорочниот проект Arts Hub, на 11 април (вторник) во 19 часот ќе се одржи првата Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата, информираат од Центар Јадро.

Како што нагласуваат, идејата на овие отворени средби е поттикнување на дискусија и размена на идеи со заедницата со цел идентификување на локалните проблеми и потреби.

„На отворената средба е поканет секој кој сака да се вклучи во продуктивен дијалог кој ќе води кон нови и свежи решенија/идеи за уметнички интервенции, за можни акции и ќе иницира нови соработки и партнерства помеѓу уметниците од независната сцена и граѓаните. Преку оваа активност се надеваме дека ќе обезбедиме учество на заедницата и пошироката публика во сите фази на проектот Arts Hub кој што го развиваме со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, 2023/24 година. Со организирање на овие отворени средби, проектот се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти и се фокусира на активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, како и активно вклучување на граѓаните и публиката“, истакнуваат од Центар Јадро.

 

Tags: Отворена средбацентар јадро
Next Post

Ковачевски: Со АДА до поголема транспарентност и намалување на корупцијата

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk