ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Директорката на американските разузнавачи: Многу е мала веројатноста дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје

May 5, 2023 11:21
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е мала веројатноста дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје, изјави во четвртокот највисокиот американски разузнавач, и покрај скорешното „мавтање со сабји“ на Кремљ и големите жртви што ги претрпува Москва при инвазијата врз Украина, пренесува Ројтерс.

„Многу е малку веројатно, тоа е нашата моментална проценка“, рече директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот.

Нуклеарните тензии меѓу Русија и САД се зголемија од почетокот на конфликтот со Украина, при што Путин постојано предупредува дека Русија е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал доколку е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“.

Во февруари, Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во Новиот договор СТАРТ, последниот преостанат пакт за нуклеарно оружје со Соединетите држави, кој го ограничува бројот на стратешки боеви глави што секоја страна може да ги распореди.

Хејнс не елаборираше за проценката на американската разузнавачка заедница.

Американските власти со месеци тврдеа дека не виделе знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, но исто така предупредија дека остануваат внимателни.

Минатиот месец, висок американски дипломат јавно рече дека Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО треба да останат внимателни за знаците дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби тактичко нуклеарно оружје во „управувана“ ескалација на неговата војна во Украина.

Заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман, укажа на најавата на Путин од 25 март дека Русија се подготвува да стационира тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија „е негов напор да ја искористи оваа закана на управуван начин“.

Сепак, има и гаранции за нуклеарна воздржаност од Москва.

Минатата недела Кремљ ја отфрли идејата дека Русија можеби се подготвува да изврши тест за нуклеарно оружје, велејќи дека сите нуклеарни држави се придржуваат до мораториум за тестирање на нуклеарно оружје.

Вчера на социјалните мрежи се појави предупредување дека Русија се подготвува да изврши ракетни напади врз Киjив и дека две нуклеарни боеви глави, наводно, се на аеродромот, но не се вооружуваат во авионите во овој момент. Тоа кореспондираше со најавите дека Русија ќе го искористи нападот со дрон врз Кремљ, за кој постојат основани сомневања дека самата го организирала, за да организира одмазднички напади врз Кијив, и со барањето на одредени високи кругови во Москва нападите да бидат со ефикасно оружје кое ќе ја уништи Украина.

За среќа, барем засега, се испостави дека и овојпат, како и многу пати досега, ова беше уште еден потег на Москва во нејзините операации со „лажни знамиња“ да нарача лажни објави, со цел да креира страв и паника од употреба на рускиот „супериорен “ нуклеарен арсенал.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: американско разузнувањеВладимир Путиннуклеарно оружјеруска агресија врз Украина
Next Post

Исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1.203 денари, ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk