Во престрелката што се случи вечерва во околината на Младеновац во Србија, ранети се седум лица. Екипите се на пат кон Младеновац, неофицијално дознава Танјуг. Престрелката се случила во селото Дубона.
Како што јавуваат српските медиуми, од возило во движење било пукано од автоматска пушка.
Според неофицијалните информации има и повредени деца.
На местото на инцидентот се и припадници на српската полицијата.
Како што соопшти српското МВР, започната е операција Вихор, сторителот е во бегство, а сите расположливи патроли се испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.