Павло Кириленко, украинскиот гувернер на Доњецк, еден од окупираните региони на Донбас за кој Русија тврди дека го анектираше, соопшти дека двајца жители на регионот биле убиени, а петмина ранети во руски гранатирања во последните 24 часа.
Тој на Телеграм објави дека во текот на ноќта била погодена трговска компанија во Краматорск, но во тој напад нема повредени.
Руската армија изминатиот ден 92 пати ја погоди и областа Запорижја. Под оган се најдоа дури 18 населени места, објави на Телеграм Јуриј Малашко, шеф на регионалната воена управа на Запорижја.
Забележано е дека Русите користеле авиони и артилерија за да пукаат во Новоданиливка, беспилотни летала и артилерија за да го нападнат Хулиаиполе и Степнохирск.
Досега се евидентирани дваесетина случаи на уништување на цивилни објекти: автомобили, станови, приватни куќи. Нема загинати меѓу цивилите.
Како што пренесува Укринформ, во време на предвидените офанзивни операции на одбранбените сили, руските напаѓачи во областа Запорижја поставуваат мински-експлозивни барикади и вршат фортификациски и инженерски работи на нивните позиции.
Подготви: Ј. Ѓ.







