ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Лондон почнува церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети

May 6, 2023 11:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Велика Британија овој викендов прославува историски настан, крунисувањето на Чарлс Трети со верска церемонија стара 1.000 години и дводневна прослава во земјата со концерт во замокот Виндзор, објави Би Би Си.

Церемонијата на крунисувањето денеска започнува во 11:00 часот по лондонско време и ќе трае околу два часа под раководство на духовниот водач на Англиканската црква, надбискупот Џастин Велби.

Пред заминувањето на кралската двојка со кочија до Вестминстерската опатија, предвидено е пристигнување на високи личности од јавниот и политичкиот живот.

Верската церемонија ќе биде одбележана со музички дела од класичниот репертоар, како и со нови композиции, со цел да се претстави денешната улога на монархот кој гледа кон иднината, иако сè уште е вкоренет во историската традиција и луксуз.

Иако Чарлс Трети (74) сакаше поскромна церемонија со околу 2.300 гости, меѓу кои и странски државници, членови на други монархии и претставници на граѓанското општество, одредени етапи од церемонијата на крунисувањето не можат да се избегнат.

Чарлс ќе положи заклетва и ќе биде благословен од надбискупот од Кентербери, а потоа на неговата глава ќе биде поставена круната на Свети Едвард. Тој ќе добие кралска облека, кугла (златен глобус со крст) и кралски жезол.

Неговата сопруга кралицата Камила, втората сопруга на Чарлс по разводот со принцезата Дајана, исто така ќе биде крунисана.

Кралската двојка, придружувана од речиси 4.000 војници, со кочии ќе тргне кон Бакингемската палата. Кралското семејство потоа ќе се појави на терасата на палатата за да ги поздрави присутните.

Прославата во Велика Британија по повод крунисувањето на кралот ќе трае два дена. Утре во Бакингемската палата на отворено ќе се организира таканаречениот „голем ручек“, каде ќе се дели јадењето „кралско киш“, специјално подготвено за оваа церемонија.

Утре вечер ќе има концерт во замокот Виндзор пред околу 20.000 луѓе.

Понеделник ќе биде неработен ден. Кралското семејство претходно ги повика Британците на тој ден да спроведат волонтерски активности.

Г. Т.

Tags: БританијакралкрунисувањеЧарлс Трети
Next Post

Ковачевски: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Еванџелин Лили со ново обраќање за закрепнувањето по трауматска повреда на мозокот

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk