Европската унија е подготвена да и обезбеди на Украина еден милион парчиња артилериска муниција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој зборуваше на заеднички брифинг со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Кијив, јавува Укринформ.
„Секој ден Украина ја покажува ефикасноста на нашата одбрана од руската агресија. Секој соборен терористички проектил, секој успех на нашите војници во одбивањето на руските напади е доказ дека можеме да го победиме овој агресор“, рече шефот на украинската држава.
Во исто време, тој ја истакна важноста на пропорционалноста на можностите на Украина со оние на Руската Федерација.
„Во овој контекст, денеска и се заблагодарив на Урсула за подготвеноста на ЕУ да и ја обезбеди на Украина толку потребната муниција, еден милион раечиња артилериска муниција“, додаде Зеленски.
Зеленски информира дека за време на разговорите со Фон дер Лајен, страните разговарале, меѓу другото, за темпото на набавка и испорака на овие пратки бидејќи веќе има потреба од оваа муниција на бојното поле.
Советот на Европската унија на 5 мај одобри распределба на 1 милијарда евра во рамките на Европскиот мировен фонд за купување муниција и ракети за Украина.
Подготви: Ј. Ѓ.