ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пенов: Неопходна е дигитализација на општините затоа што граѓанинот сака пристапни, брзи и транспарентни услуги

May 10, 2023 11:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на децентрализација, во услови кога општините се надлежни за испорака на многу важни услуги за граѓаните процесот на дигитализација треба да се одвива паралелно на централно и на локално ниво, затоа што граѓанинот во основа не го интересира кој ја дава услугата, туку колку лесно и брзо може да ја обезбеди, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната тркалезна маса „Дигитална трансформација на општините: предизвици и можности”, во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

– Дигитализацијата како глобален феномен е предизвик и за јавниот и за бизнис секторот и за граѓаните. Како држава немаме друг избор освен да се вклопиме во глобалните текови за да можеме да бидеме конкурентни и во комуникација со технолошки развиениот свет, додаде тој.

Јавниот сектор поспоро се прилагодува на промените затоа што тие се условени од внатрешната подготвеност и доволност на технички и човечки ресурси, но и од подготвеноста на граѓаните да ги прифатат новите услови и да ги користат новите дигитални алатки, заклучи тој.

– Сега сме во фаза кога ни е потребен посистемски приод и наместо општина по општина да го примениме пристапот услуга по услуга. На тој начин услугата е воедначена во сите општини, а трошоците за нејзино обезбедување можат да ги споделат сите општини преку набавка на заедничка опрема. Покрај ефикасноста, целта на дигитализацијата на услугите е да се намали просторот за корупција а да се зголеми таранспарентноста и отчетноста, рече тој.

Според Пенов здравствената криза низ која поминавме само ја потврди потребата од дигитализација на услугите. 

Праксата покажа дека општините кои што се чекор понапред од другите, на овој начин обезбедија поголема наплата и на даноците и на сметките за комунални услуги. Во иднина овој начин на обезбедување на услугите треба да биде примарен, а шалтерот само алтернатива, истакна Пенов.

– Невоедначеностa на општините во однос на човечки, финансиски и технички ресурси, потребата од стандардизирање на обрасците и на процесите, укажува дека само преку системски приод, со координација на надлежните министерства, на Министерството за информатичко општество и администрација како надлежно, во тесна соработка со Министерството за локална самоуправа, со ЗЕЛС и со општините, може сериозно да се влезе во процес на дигитализација. 

Во овој процес важна е и поддршката од донаторската заедница-експертска и финансиска како и користење на средства од ИПА инструментот на ЕУ.

Tags: ЕУИПАПенов
Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје повикува за ажурирање на податоци по промена на старите со нови регистарски таблички

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk