До утринава се собрани околу 13.500 парчиња оружје, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој присуствуваше на презентацијата на предаденото нерегистрирано оружје и муниција во местото Дуваниште кај Смедерево, објави РТРС.
Вучиќ истакна дека е „горд на оваа акција и на резултатите“.
View this post on Instagram
Ова е важно поради поголема безбедност на нашите граѓани. Мора да направиме се и да дејствуваме со мерки по трагедијата што ни се случи, рече српскиот претседател.
Вучиќ потврди дека државата е одлучна да ја спроведе својата одлука и дека граѓаните до 8 јуни ќе можат без последици да го предадат целото непријавено оружје, муниција и експлозивни направи.
Но по тој рок ќе се применуваат репресивни мерки за поседување непријавено оружје и муниција, предупреди Вучиќ.
На презентацијата на предаденото нерегистрирано оружје и муниција присуствуваше и српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Г. Т.