ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи со делегација на ЕП- се заблагодари на огромната финансиска помош и на поддршката која ја добивме од ЕУ

May 16, 2023 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со европската парламентарна делегација, предводена од европарламентарецот Андреас Шиедер, на која присуствуваше и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Во фокусот на средбата беа мерките на Владата во справување со економската и енергетската криза, како и реформите кои се неопходни за остварување на стратешката цел за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Потпретседателот на Европскиот Парламент, Виланд, во воведното обраќање нагласи дека Северна Македонија е од исклучително значење за Европската Унија, и дека ги препознаваат реформите кои нашата земја ги спроведува во нејзините напори за членство во Унијата.

Вицепремиерот Битиќи подетално ги информираше членовите на европската делегација за напорите кои ги правиме и за значителниот напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување во ЕУ, за што презедовме сеопфатни реформи во различни сектори, со што ја покажавме нашата посветеност за забрзано усогласување со европските стандарди и целосен респект за европските вредности.

„Овие напори ги опфаќаат клучните области како што се владеењето на правото, независноста на судството, антикорупциските мерки, слободата на медиумите и заштитата на човековите права. Нашиот напредок е сериозен доказ за нашата решителност како Влада целосно да ги респектираме истите вредности, а членството во ЕУ, не само што ќе ја зацврсти нашата посветеност на овие принципи, туку и ќе обезбеди одржлива рамка за развој, економски просперитет и засилена регионална соработка”, рече Битиќи.

Вицепремиерот се осврна и на мерките во економијата насочени кон стабилизирање на економијата и поттикнување на растот. „Се фокусиравме на реформи за привлекување странски инвестиции, зајакнување на конкурентноста и стимулирање на претприемништвото. Иницијативите дадоа позитивни резултати и доведоа до зголемени странски директни инвестиции и отворање нови работни места, и покрај предизвикувачките околности”, рече Битиќи и додаде дека Северна Македонија има солидна институционална рамка и стратегија за промоција и олеснување на инвестициите.

Битиќи се заблагодари на огромната финансиска помош и на поддршката која ја добивме од ЕУ за време на енергетската криза, и која сè уште ја добиваме, преку ИПА, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и во форма на макрофинансиска поддршка, и притоа ги информираше европарламентарците и за домашните напори на Владата за време на енергетската криза, со субвенционирање на потребите на граѓаните за електрична енергија за 650 илјади домаќинства и за 70 илјади компании. Тој се осврна и на анти-ковид мерките, со кои беа зачувани над 140 илјади работни места, и за последните мерки за замрзнување а цените, што резултира со намалување на инфлацијата. Комбинацијата на домашни национални мерки со поддршка и финансиска помош од ЕУ, даде конкретни резултати.

На средбата, вицепремиерот Битиќи беше придружуван од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Дрита Абдиу Халили, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Драган Талев, државен советник во СЕП, и од членовите на неговиот кабинет.

Tags: БитиќиДелегацијаЕП
Next Post

Владата усвои сет препораки за училиштата за подигнување на безбедноста во училишните објекти

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени раководни лица од „Комунална хигиена“

October 27, 2025

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk