ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Новинарите не треба да размислуваат како политичарите

May 18, 2023 16:25
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е рангирана на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, меѓутоа медиумите во Македонија беа најдобро рангирани за време на владеењето на Груевски, односно во 2009 година, кога земјата била на респектабилното 34-то место. Но, денешната состојба не треба да ни даде за право да си свиркаме дека се е во ред и да не преземеме ништо за подобрување на слободата на медиумите, вели Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија, на панел дискусијата организирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, насловена: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“.

Тој додаде дека не смееме да дозволиме од релативна слобода да преминеме во релативна неслобода.

„Медиумите се под силни политички и бизнис влијанија. Ако сакаме да имаме независно новинарство треба да имаме и финансиска независност“, рече Чадиковски.

Тој истакна дека слободата тешко ја стекнавме, но може лесно да ја изгубиме ако не се бориме за своите права и слободи.

Генерален директор на Медиумската информативна агенција (МИА), Драган Антоновски, вели дека во неговото 25 годинишно новинарско искуство отсекогаш имало политички притисоци, и дека само новинар со интегритет може да се спотистави на тие притисоци.

„Новинар кој не ја витка кичмата и има интегритет може да се спротивстави на политичките притисоци“, вели тој.

Тој додава дека медиумскиот простор е узурпиран од непрофесионалните новинари.

„Медиумска писменост треба и кај тие што ја продуцираат веста“, вели тој.

Тој додаде и дека има две структури кои ја креираат „вистината“, едните шират невистини преку партиските говорници, соопштенија, прес-конференции, додека другите ја демантираат таа дезинформација.

Уредничката на вести во Националната телевизија АЛСАТ М, Арта Тахири, вели дека начелно политичарите ја подржуваат слободата на медиумите, но во реалноста не е така.

„Политичарите се добри и транспарентни се додека не им се постават тешки прашања. На молчлив начин бојкотираат одредени медиуми или новинари“, рече таа.

Тахири нагласи дека новинарите мора да престанат да размислуваат како политичарите.

„Политиката е иста, ама новинарите не се исти“, заклучи Тахири.

Атанас Кировски, новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си, истакна дека слободата не е можна ако нема финансиски независни медиуми.

„Маркетинг агенциите парите ги насочуваат кон дигиталните медиуми… Слободата на социјалните медиуми стана нашата неслобода. Таму се објавуваат дискредитации, говор на омраза, навреди…“, рече Кировски.

Тој додаде и дека одредени центри на моќ свесно шират дезинформации бидејќи на тој начин добиваат профит (пари).

„Свесни шират лаги и знаат дека ќе треба да платат казна, ако проценката е дека ќе добијат поголема заработка“, вели тој.

Тахири додаде дека и самите политички партии имаат свои портали кои шират дезинформации.

„Мора секоја редакција да има посебен одел за проверувачи на факти“, вели таа.

Чадиковски нагласи дека секој новинар мора да е верификувач на факти, односно не смее да објави вест додека не ги провери информациите. Тој додаде дека е против забрана и укинување на социјалните мрежи (Тик-ток и други) бидејќи на тој начин нема да се забранат дезинформациите.

Текст, фото и видео: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети / Цивил Медиа

Tags: ИМАКонференцијановинари
Next Post

Трифонов: ИТН ќе подржи експертска влада во Бугарија

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk