ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Победнички говор на Мицотакис: Нова демократија доби мандат од народот за формирање силна автономна влада

May 21, 2023 21:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН
Кирјакос Мицотакис избори (Photo: REUTERS)

Кирјакос Мицотакис избори (Photo: REUTERS)

Партијата Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис освои убедлива победа на денешните парламентарни избори во Грција со 40,83 отсто гласови и 145 пратенички места, а по неа е левичарската партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас со освоени 20,07 отсто од гласовите и 72 пратенички места, објавија западните медиуми.

Во својот победнички говор, обраќајќи и се на нацијата, Мицотакис рече дека добил мандат за формирање силна автономна влада.

Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна, истакна Мицотакис.

Тој, исто така, нагласи дека само „силните влади“ можат да ги донесат потребните промени, додавајќи дека „на Грција и треба влада која верува во реформи, а тоа не може да се случи со кревка влада“.

Мицотакис го опиша резултатот како „политички земјотрес“ и им се заблагодари на гласачите што ја поддржаа неговата партија.

Локалните медиуми пренесуваат дека Ципрас му се јавил на Мицотакис за да му ја честита победата.

Ниту еден од лидерите на останатите политички партии се уште јавно не ги коментирал резултатите од изборите.

Социјалистичката партија ПАСОК е трета, со околу 12 отсто од гласовите и 42 пратенички места. Нејзиниот лидер Никос Андрулакис откако пристигна во седиштето на партијата ги опиша денешните избори, на кои неговата партија настапи подобро од очекуваното, како „одличен ден“ за демократијата.

Со преброени околу 75 отсто од гласовите, резултатот е следен:

Нова демократија: 40,83 отсто и 145 пратенички места
СИРИЗА: 20,07 отсто и 72 пратенички места
ПАСОК-Движење на промена: 11,82 отсто и 42 пратенички места
Комунистичка партија на Грција: 7,09 отсто и 25 пратенички места
Грчко решение (Hellenic Solution): 4,50 проценти и 16 пратенички места

Останатите партии кои не влегуваат во Парламентот заедно имаат освоено 15,69 отсто.

Излезноста на парламентарните избори во Грција, според првичните официјални информации, изнесува 59,35 отсто.

Г. Т.

Tags: говорГрцијаизбориМицотакисНова демократијапобедникрезултати
Next Post

Маричиќ: Одговорноста за ЕУ е кај секој пратеник, нова преговарачка рамка ќе нема

НАЈНОВО

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025

Ангелов: Сè уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk