ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

И учениците од „Братство” се вклучија во кампањата за борба против корупцијата

May 23, 2023 11:33
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
IFES

IFES

Share on FacebookShare on Twitter

Учениците од училиштето „Братство” од скопската населба Тафталиџе се вклучија во кампањата „Бидете херои на чесноста” за борба против корупцијата и со своето учество станаа херои на чесноста со цел да се воспоставуваат вредности и интегритет за придвижување на општеството кон антикоруптивни практики.

„Заедно со родителите имаме должност кон општеството, да создадеме млади луѓе чии животни принципи ќе бидат чесноста, интегритетот и етичноста. Свесни сме дека брзиот технолошки развој донесе свои предизвици, а темпото на живот диктираше нови правила во сите сегменти од општественото живеење, но сепак мора да започнеме со промени, а со тоа да им го покажеме вистинскиот пат на учениците уште во рана возраст, за да бидат подготвени кога ќе се соочуваат со непријатни ситуации со себе да носат вистински вредности, изјави директорката на училиштето, Јадранка Поповски.

Оваа кампања е по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата како дел од Активноста за антикорупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, финансирана од УСАИД.

„Децата во животот треба да работат со срце и ум. Тоа значи да бидат воспитани, да почитуваат, но треба и да се образуваат, но не е поентата да учат за оценка, не е поентата да го поминат приемниот испит и да успеат по секоја цена. Важно е да научат, затоа што само со наука, со професионализам и личен развој човештвото може да оди напред. Токму затоа, заедно со родителите и наставниците да им го покажеме патот на посветеност за борба против корупцијата и негување култура на транспарентност и одговорност”, истакна Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Преку кампањата ученците и ученичките се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да се создаде антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

„Сите држави имаат проблем со корупција, но во различен обем. Оваа таканаречена социјална болест во државата несомнено негативно влијае врз економијата, ја поткопува социјалната стабилност и ја нагризува јавната доверба. Јавните дебати, разменувањето на мислења, вклучувањето на темата во образовните програми, се активности кои ќе придонесат за побрзо сузбивање на корупцијата.”, порачаа од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

До крајот на годината предвидено е да се посетат вкупно 13 училишта во кои ќе се едуцираат учениците и ученичките како да се сузбие корупцијата во земјава. Првиот настан од кампањата се одржа во основното училиште „Петар Поп Арсов” во општина Карпош, како и во општина Центар во училиштето „Коле Неделковски”. Настаните започнуваат со интерактивен разговор на учениците со познатите актери Игор Ангелов и Фисник Зекири, во својство на водители на едукативното предавање, а според сценарио на режисерката и сценаристката Елеонора Венинова.

Tags: „Братство"корупција
Next Post

Целосно е обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок 3

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk