ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Претседателот Бегај од петок во дводневна официјална посета на Италија

May 24, 2023 14:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На покана на неговиот италијански колега Серџо Матарела, албанскиот претседател Бајрам Бегај во петок ќе престојува во дводневна официјална посета на Италија, во рамки на интензивирањето на стратешкото партнерство со оваа земја, соопштија од претседателскиот кабинет.

„Со сите државнички почести, претседателот Бегај ќе биде примен од претседателот Матарела, а во палатата Квиринале ќе одржи одвоени и проширени разговори. Во центарот на разговорите ќе бидат потврдувањето на одличните и повеќедимензионални билатерални односи, евроинтегративниот процес на Албанија и поддршка на Италија, придонесот на Албанија во регионот на Западен Балкан, како и други прашања од геополитички интерес“, објавија од кабинетот на Бегај.

За време на престојот во Рим, претседателот Бегај на посебна средба ќе биде примен од претседателот на Домот на пратеници, Лоренцо Фонтана.

„Во вториот ден од посетата, 27 мај, претседателот Бегај ќе го посети регионот на Абруцо, каде што ќе биде примен од локалните власти на овој регион, во Аквила и Киети. Исто така во Вила Бадеса ќе се сретне со претставници на историската албанска заедница на Арбарешите и претставници на новата албанска заедница во овој регион“, додаваат од кабинетот.

Италија е трета земја што Бегај ја посетува, по Косово и неодамна Хрватска, од неговиот избор на 24 јуни минатата година.

Tags: АлбанијаБегајИталијаофицијална посета
Next Post

Молебен на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk