ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: За првпат на младите како Влада им понудивме јасна слика и визија за иднината на држава преку Националната развојна стратегија

May 26, 2023 18:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
дискусијата на тема „Домувањето и младите во Северна Македонија“, организирано од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС)./Фото: Влада.мк

дискусијата на тема „Домувањето и младите во Северна Македонија“, организирано од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС)./Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отпочнувањето на дискусијата на тема „Домувањето и младите во Северна Македонија“, организирано од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).

Во воведното обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека прашањето на домувањето зазема централно место, особено кога станува збор за помладите генерации.

-Пазарот на домување за многу млади поединци и семејства може да биде тешко достапен или во голем број и недостапен, што во нашата култура значи и попречување на нивната способност да постигнат независност, стабилност и чувство на припадност. Денес сме овде преку инклузивна дискусија, да споделиме знаења, искуства и идеи, во насока да стекнеме подлабоко разбирање за предизвиците со кои се соочуваат младите поединци во пристапот до соодветно домување и да дојдеме до практични мерки или модели кои ќе дадат одговор на нивните посебни потреби, рече Битиќи.

Тој посочи дека домувањето не се однесува само на обезбедувањето на пристапност до градба, стан, куќа, туку станува збор за поширока социјална категорија која во себе вклучува создавање на заедница, негување на благосостојба и чувство на припадност.

-Младите имаат потреба од стабилност и поддршка за да напредуваат, да ги реализираат своите соништа и да придонесат за развојот на општеството. Уверен сум дека денеска ќе имаме отворени, конструктивни и иновативни дискусии кои, меѓу другото, ќе истражат нови пристапи и модели насочени кон зголемување на пристапноста на младите до квалитетни опции за домување, усогласени со нивните потреби кои постојано се развиваат, рече Битиќи.

Тој ја посочи важноста за заедничко делување на надлежните државни институции, граѓанските организации, претставници на младински и студентски организации и на други актери кои се засегната страна може да создадеме иднина во која секој млад човек ќе има можност да напредува и да најде место кое ќе го нарече дом.

-Поддршката за младите е еден од клучните приоритети на оваа Влада, поради што се прават повеќе институционални напори, на ниво на јавни политики, за зголемување на нивната финансиска стабилност и осамостојување, што може да биде и позитивен фактор во унапредувањето на условите за домување. Ќе го споменам Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, кој е насочен и кон зголемување вработливоста на младите преку преквалификации или платени пракси. Воведовме дополнителен додаток на плата од 3.000 денари за младите до 23 години кои работат во производство.  Со ова право во 2021 година беа опфатени вкупно 2.500 лица, додека во 2022 година бројката се зголеми на 3500 лица, очекуваме овој позитивен тренд годинава да продолжи, кажа Битиќи.

Тој додаде дека за првпат на младите како Влада им понудивме јасна слика и визија за иднината на држава преку Националната развојна стратегија 2022-2042, со што тие добиваат силен институционален поттик своите очекувања и професионални стремежи да ги насочат кон Северна Македонија, каде ќе може да добијат чувство на стабилност и припадност на заедницата.

-Институционално уважување младите добиваат и преку Националната стратегија за млади 2023-2027, која претставува стратешки документ со кој се утврдуваат целите и приоритетите за развој на младинските политики и унапредување на интересите на младите. Главната цел на стратегијата е да ја унапреди положбата на младите во општеството преку овозможување на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси. Унапредувањето на условите за домување на младите во Северна Македонија дополнително се катализира со нашата посветеност на забрзување на динамиката на евроинтегративните процеси и определбата за полноправно членство во Европската унија, рече Битиќи.

На крајот на своето обраќање, вицепремиерот Битиќи поочи дека оваа тркалезна маса треба да се искористи како можност да ги поставиме темелите за посветла иднина на младите, во која домувањето нема да биде пречка, туку отскочна поткрепа за нивните аспирации.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќидискусијаФЕС

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk