ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2023“ на три локации низ градот

May 29, 2023 12:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Викендот на гордоста е Фестивал за квир култура, уметност и теорија што создава простор за промоција на ненормативните форми на светообразување, односно, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст се обележани како квир, ексцентрични и неуспешни.

Тематскиот фокус на фестивалот оваа година е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии. Проблемите што ги адресираме во ова издание тргнуваат од мноштвото квир-теории и историографии што го ставаат прашањето на времето и историјата во центарот на своите иследувања. Во посебен фокус на фестивалот е преиспитувањето на хегемониските националистички историографски наративи и политиките на националните архиви, нивните стратегии на бришење, исклучување и игнорирање на невидливите и тајните истории на сексуалните и родовите малцинства и нивните искуства, како и можностите за ревизија, преисчитување, преиспишување и презамислување на историските (отсутни) траги и гласови и ефемерните архиви на квир-луѓето.

Фестивалот се отвора на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот полски интердисциплинарен уметник Карол Раѓишевски. Раѓишевски е познат по неговата уметничка практика која вклучува уникатни алатки при уредување на материјалите, комбинирањето на факти со фантазија, компонирањето на документи од парчиња сеќавање и прикажувањето на неочекувани алтернативни траги на сеќавањата.

Следниот ден, на 2 јуни во МСУ ќе се одржи најновиот перформанс „Осуденик“ (GONER) на едно од најатрактивните имиња во современата кореографска и танцова практика Малик Нашад Шарпе (UK) познат како Marikiscrycrycry. На 3 јуни во МКЦ на наше огромно задоволство кореографката и перформанс уметница со чилеанско и шведско потекло Ширли Харти Убила ќе го изведе делото „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), а на 4 јуни во МСУ познатата философка, теоретичарка и уметница Марина Гржиниќ (SL) ќе го одржи предавањето „ПАНКОТ и поранешната југословенска ЛГБТКИА+ заедница во Словенија и пошироко: Распетлувањето на сексот и политиката во расниот капитализам“.

Јован Јосифовски на 8 јуни ќе има отворање на неговата самостојна изложба „Еластично насилство“ во КСП „Центар – Јадро“, додека на 9 јуни во МСУ фантастичното трио STEAM ROOM во состав на Александар Георгиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас ќе го изведат танцовиот и кореографски концепт за вечноста, нивниот последен дел од кореографската трилогија dragON – dragON forever. Фестивалот се затвора на 13 јуни во МКЦ со омилените Румена Бужаровска и Ана Василева од ПичПрич кои ќе ја модерираат Вечерта на раскажување на квир приказни – СРАМОТА!, по што ќе следува диџеј сет на Ивана Драгшиќ.

Васко Лазаревски / Трн.мк

 

 

Tags: Викенд на гордостаСкопје
Next Post
(Photo: AFP)

Шангај го забележа најтоплиот ден во мај во последните 100 години

Shortcut

Најново

Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk