Косовскиот премиер Албин Курти вечерва на Твитер објави дека денеска се сретнал со амбасадорите на земјите од Квинта и на ЕУ, изразувајќи загриженост поради насилствата што избија во Косово и ги осуди нападите врз припадниците на косовската полиција, војниците на КФОР и новинарите.
Had a meeting with the QUINT ambassadors &🇪🇺 ambassador today. I share the concern about the violence & condemn attacks against @Kosovo_Police, @NATO_KFOR & journalists. Ultra-nationalistic Serb graffiti on NATO vehicles is a dark reminder in 🇽🇰. We stand for peace & security.
— Albin Kurti (@albinkurti) May 29, 2023
Тој истакна дека Косово се залага за мир и безбедност.
Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ имаше вонредно обраќање до нацијата, во кое, меѓу другото, ја повика меѓународната заедница да влијае врз косовските власти и да помогне во деескалација на состојбата.
Знам колку им е тешко на Србите, ве повикуваме да не влегувате во конфликт со НАТО. Затоа бескрајно ги замолувам земјите од Квинта да го направат тоа (да ги вразумат косовските власти), бидејќи Србија и Србите сакаат само мир, истакна Вучиќ.
Г. Т.