Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, еднаш вели дека биле на возот на ЕУ, друг пат дека биле на бродот.
„Цело ВМРО-ДПМНЕ, веќе е на возот кон ЕУ“, во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ од 23.5 2023 година рече Мицкоски.
Истиот ден во соопштение објавено од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели: „Цело ВМРО-ДПМНЕ е на бродот кон ЕУ, било и ќе остане на тој брод“.
„Прво биле со воз, па после фатиле брод. Викаат ќе останеле на бродот. Само да не останат без превоз“, објави професорката Целакоска.