ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Се затрупува градилиштето на „9 Мај“, инвеститорот не гради според одобрението

June 1, 2023 12:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во придружба на градежен инспектор, припадници на МВР и градежна механизација, утринава интервенираа на спорното градилиште на улицата „9 Мај“ и започнаа со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот Бинјапи инжинеринг гради надвор од издаденото одобрение за градење.

Градежната инспекција неколку пати го затвораше градилиштето, а во март годинава одговорните се санкционирани од страна на општината со казни со вкупна вредност од 12.500 евра и тоа со 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето; 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност.

„Во оваа држава постојат закони и тие мора да ги почитуваат сите. Секој оној кој што ќе го прекрши законот ќе биде санкциониран. Тоа се случува и денеска на улицата ‘9 Мај’. Пред неколку месеци настана проблем од страна на инвеститорот ‘Бинјапи Инжинеринг’, фирмата која што го има одобрението за градба. Јамата не беше целосно обезбедена според даденото решение, односно зградите не беа целосно заштитени од страна на инвеститорот. Не беа поставени оние тн. ‘шипови’ кои што се за заштита на целото околно земјиште, вклучувајќи ја улицата и зградите. Наместо -1, направени се -2 спрата. Нашите инспектори и тогаш постапија, ставија жолта лента, беше стопирана градбата, но самиот инвеститор продолжи со градба. Ние како општина после извесен период постапуваме на терен, односно по пишаното решение од градежниот инспектор за враќање на првобитноста на самото земјиште. Истото денеска го спроведуваме, односно го враќаме земјиштето во првобитна состојба“, изјави градоначалникот Геерасимовски.

Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење. По ова, согласно Законот за градење, инспекцијата изготви решение за враќање на локацијата во првобитна состојба, со што трошокот за извршувањето на решението ќе се фактурира на инвеститорот, а со потпишана писмена изјава истиот е обврзан да ја врати и улицата во првобитна состојба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 9 мајГерасимовскиЦентар

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

June 16, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ ќе соработува со САД за да се спречи нагло зголемување на цените на енергијата предизвикано од конфликтот меѓу Израел и Иран

June 16, 2025
[Photo credit: crimefeed.com]

Во Иран погубен израелски агент на Мосад, уапсен во 2023 година

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk