„Има една важна работа што треба да ја запомни секоја земја, а тоа е да се обезбеди оружје за Украина. Вистината е дека Русија врши геноцид врз украинскиот народ, а кога ќе испратите оружје за Украина, вие помагате да се спасат животи на украинскиот народ. Помагате да се спасат животи не само на војници, туку и на цивилното население“ изјави Олександр Мережко, пратеник во Врховна Рада на Украина во интервју за „Цивил Mедиа“.
Тој додаде дека со почетокот на руската инвазија се виде кои земји се вистински пријатели на Украина, а кои се неволни партнери.
„Оние земји кои од првите моменти на целосната инвазија почнаа да нè обeзбедуваат со неопходното оружје беа САД, Обединетото Кралство, Полска, Литванија, Летонија, Естонија, малата Естонија која ни даде многу. Значи, овие земји се покажаа како наши сигурни пријатели. За жал, некои други европски големи земји, кои можеа да ни го обезбедат потребното оружје, се колебаа, што беше фруструрачки за мене. Некои од овие земји почнаа да бараат аргумети да не ни дадат оружје. Беа желни да ни обезбедат, на пример, 5000 шлемови, болница“ изјави Мережко.
Тој додаде дека потребна е и хуманитарната помош, но со неа не може да се одбраните, ниту да ја добиете војната.
„Потребно ви е оружје, потребно ви е тешко вооружување, особено кога се борите против огромна империја како Русија, која ја има втората најголема војска во светот, која е добро опремена. И како што реков на почетокот, навистина беше фрустрирачки, но преживеавме. Преживеавме и уште толку повеќе успеавме да ја победиме Русија кај Кијив“ рече Мережко.
Украинскиот пратеник рече едка ситуацијата сега е поинаква, но дека политиката не беше конзистентна и дека политиката за помош од некои земји беше задоцнета.
„Русија има доволно крстосувачки ракети, има доволно дронови, што ги произведува Русија, но и ги купува од Иран и други непријателски зрмји. Значи, Русија има многу оружје од советско време. А ние треба да одговориме на ова, треба да започнеме успешна контраофанзива. И потребна ни е муниција, потребно ни е тешко вооружување, потребна ни е сега воздушна одбрана, млазни авиони Ф16. Потребна ни е, исто така, артилерија со долг дострел, затоа што треба, на пример, да ја уништиме руската воена логистика, руските складишта со муниција. А за да го направиме тоа, потребни ни се ракети со долг дострел“ рече Мережко во интервјуто за „Цивил Mедиа“.