ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Меџити не ја преиспитува одлуката за разрешување на Јовев

June 8, 2023 14:42
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професорот Сашко Јовев ќе продолжи да работи како најдобар кадар во Кардиохирургија, заедно со другиот стручен тим што е таму, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор што ќе работи и извршува секојдневни работи во клиниката, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање за нов директор на Кардиохирургија, на денешната прес-конференција по повод „100 дена кабинет на министер“, министерот Меџити рече дека за тоа допрва ќе се решава.

– Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка како доктор, како професор да ги извршува секојдневните обврски на клиниката. Мислам дека сум многу јасен. И во таа програма за трансплантација и тоа што го кажав вчера ќе го потврдам, ќе се залагам со ребалансот да се зголеми буџетот за програмата за трансплантација, за да ни биде уште поуспешна. Еден поголем поттик да дадеме, и тука ќе бидеме со цел да си ја развиеме државната кардиохирургија и мислам дека со ова, оваа тема е веќе апсолвирана, рече тој.

На прашањето дали професорот Јовев ја прифатил понудата за советник на министерот, тој одговори дека не разговарале за тоа.

– Не зборувавме за тоа, си испивме кафе, и како што ви кажав, почитуваниот професор е мој добар другар и колега и ние после ова ќе продолжиме да работиме на клиничкиот центар заедно, рече тој.

Во врска со прашањето за преиспитување на олуката за разрешување на Јовев, бидејќи тоа го бараат сите, односно тој и неговиот адвокатски тим, како и лекарската фела, Меџити одговори дека кога министерот донесува одлука, таа не се преиспитува.

– Кога министерот донесува одлука, таа не се преиспитува. и јас за тоа ви одговорив и мислам дека тоа е апсолвирано прашање, рече министерот.

Министерот беше прашан и за тоа како го коментира тоа што неговиот претходник, министерот Беким Сали, го коментираше неговото однесување и го нарече „пишман аџија“ во однос на случувањата и понудата за советник на д-р Јовев, при што тој одговори дека не е љубител на социјални мрежи, ниту ПР.

– Јас не сум некој љубител на овие социјални мрежи, па ниту ПР. Кога ми викаа дека за ПР треба да платиме големи суми, јас им викам знаете што – со тие суми подобро да одам 3-4 тоалети по клиники да реновирам. Јас сум човек од акција и не би сакал да коментирам. Од првиот ден вие се сеќавате многу убаво дека кажав јас сум доктор, јас сум човек од акција и сакам тука да ставам еден хируршки рез и нема да се занимавам со минатото. За мене е многу битна сегашноста и иднината на граѓаните и на пациентите на Република Северна Македонија, рече министерот.

Tags: ЈовевМеџитиМЗ
Next Post

Рама смета дека мора да се распишат нови избори на северот на Косово, на Макрон и Шолц им доставил нацрт за ЗСО

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk