Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска му беше гостин на првиот човек на Алијанса за Албанците (АА) и на општина Гостивар, Арбен Таравари, објави Флака, a пренесe Фронтлајн.
Според веста во Флака, средбата траела над еден час и се одржала во канцеларијата на Таравари во зградата на Општина Гостивар. Како што брифираат извори од средбата, на состанокот се зборувало за последните политички случувања во земјава, по средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која се одржа пред два дена.
Двајцата лидери разговарале за уставните измени и евентуалните промени во извршната власт, односно проширување на Владата.
На средбата неофицијално се разговарало и за замена на дефиницијата 20 проценти за албанскиот јазик во Уставот, што го бара АА.
Од ДУИ тврдат дека сега не е моментот за такво барање.
Д. Јонузи