ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Средбата Шолц – Макрон во Потсдам ги забрзува подготовките во ЕУ за решавање на европската иднина на Западен Балкан, Украина и Молдавија

June 12, 2023 11:04
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Влошувањето на ситуацијата во Косово и напнатата политичка ситуација во други земји во регионот вклучително и Македонија во моментов не се во прилог на напорите во ЕУ за побрзо приклучање во Европската унија, иако тоа сега се смета за неопходно од мнозинството членки на Унијата поради геополитички причини и стабилноста на европските вредности.


Ова било тема на лидерите на Германија и Франција, Олаф Шолц и Емануел Макрон кои кон крајот на минатата недела се сретнаа приватно во Потсдам, пишува парискиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на француски официјални извори дека мора да се смислат, како што се вели „повеќе формати“ за интеграцијата на Западниот Балкан, Украина и Молдавија.
Пред оваа средба во Потсдам Макрон изјави дека не може да има сиви зони во Европа во овој контекст. Ако чекањето за овие земји е предолго, „мислам дека всушност ќе им дадеме повеќе простор на сите оние кои сакаат да ја дестабилизираат Европа” изјави францускиот претседател.

Извори од ЕУ во Брисел за агенцијата Бета велат дека постои загриженост за состојбите во Косово и земјите во регионот бидејќи тоа се одразува на динамиката на интеграцијата во ЕУ.
Дипломатски извори велат дека меѓу членките на ЕУ постои верување дека е неопходно да се поттикне приближувањето на соседите кон Унијата, а тоа се гледа и во изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека силната економска и политичка поддршка е подготвена за постигнување на целта.
Инсистирајќи на стабилизирање на состојбите на Балканот ЕУ исто така мора да ја забрза реформата на зајакнување на демократската структура во Унијата, особено за ЕУ да не биде попречена од гласачкиот систем, правото на вето, кога ќе има 35 членки, како и да обезбеди буџет. средства за нивно инкорпорирање во правниот систем и единствениот пазар на ЕУ.
Макрон и Шолц се согласиле дека до крајот на годината ЕУ мора да се изјасни околу желбите на Украина и Молдавија да се приклучат на балканската регата за интеграција во ЕУ. Околу ова прашање постојат разлики меѓу лидерите на Франција и Германија бидејќи земјите од Западен Балкан за разлика од Украина и Молдавија се во поодмината фаза на интеграција.
„Условите за членство се исти за сите“ вели Олаф Шолц, кој како што велат дипломатски извори внимателно одбива да спомене и најмала привилегија што би ја фаворизирала Украина пред другите земји кандидати.. Берлин не сака Балканот да го сноси товарот од новиот безбедносен договор генериран од војната, додека Париз се двоуми. Макрон побарал, како што наведуваат некои медиуми „да се постават темелите што е можно поскоро и на најбрз можен начин да се обезбеди пристап кон членството на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан во ЕУ“.
Макрон и Шолц ќе ја продолжат дискусијата на оваа тема на новата средба во јули.

Од своја страна Шолц се обидува да ги нагласи разликите меѓу Балканот и Украина и Молдавија. Петте земји кандидати од Западен Балкан „дваесет години чекаат да се оствари ова ветување “, потсети Олаф Шолц на самитот во Кишињев, ставајќи посебен акцент на Северна Македонија. Покрај руско-украинскиот конфликт, неодамнешните тензии во Косово го алармираат Берлин, кој исто така е загрижен поради приливот на мигранти кои минуваат низ балканската рута.
Шолц и Маркон сепак се согласни дека е неопходно да се интензивираат реформите на институциите на ЕУ со цел да се приспособат да го поддржат процесот на проширувањето. Оваа реформа пред се се однесува на воведување на квалификувано мнозинство за европско одлучување за прашањата на надворешната политика и оданочувањето
Во меѓувреме се зголемува бројот на инцијативи во ЕУ за промени во постоечкиот систем на носење на одлуки во областа на надворешната и безбедносна политика на ЕУ со едногласност. Овој пат шефовите на дипломатии на Белгија, Луксембург, Шпанија, Германија, Романија , Холандија и Словенија истапија со заеднички став.
“Сооченa со руската агресиja во Украина, Европската унија ја докажа својата способност да дејствува. Тоа го направи со тоа што застана рамо до рамо со Украина, дипломатски, финансиски и воено; со намалување на нејзината енергетска зависност од Русија; и нудејќи им на Украина, како и на Република Молдавија, јасна перспектива за членство во ЕУ. Во интерес на перспектиовите на ЕУ , оваа способност за преземање брза и решителна акција ќе остане клучна за улогата на ЕУ како надворешнополитички актер подготвен да ги поддржува вредностите и интересите на своите граѓани во сè понеизвесна глобална арена”, се вели во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на овие земји членки.

Групата на земји членки е со став дека ЕУ соочена со предизвиците на глобалната сцена мора да биде подготвена благовремено да покажува како што велат- опипливи резултати. “ Како што ЕУ се проширува, успешната европска интеграција бара нејзините институции да функционираат ефективно” велат министрите од оваа група земји.
Оваа група на земји потсетува дека ЕУ била соочена со неуспеси поради системот на одлучување со консензус.
“Во минатото, брзата и решителна акција на ЕУ не беше секогаш дадена. Огромното мнозинство на одлуки во надворешната политика на ЕУ бараат едногласност – што, во некои случаи, може да ја забави нашата способност да дејствуваме..” се вели во заедничката изјава упатена до Советот на министрите кои се залагаат за проширување на обемот на одлуки кои би можеле да се носат со квалификувано мнозинство.

Пишува: Борјан Јовановски / Нова ТВ

Tags: ЕУ проширувањеМакронсредбаШолц
Next Post

Почина Силвио Берлускони

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk