„Те чекам кај Чичко Стоилко„ беше еден од скопските муабети кој што ја направи седвичарата „Чичко Стоилко“, урбан култ на градот.
Понекогаш не фаќа носталгија за старото Скопје и за тогашниот негов изглед и начин на живот во него. Токму на ова место кое повеќе не постои генерации млади луѓе го користеа за започнување на излегувањето.
Додека поминував покрај патот каде што се наоѓаше оваа сендвичара заедно со мојот пријател. Тој се присети како се запознал со сегашната сопруга во 2000 година.
Го врати сеќавањето на собирот на млади луѓе од цели генерации кои ги правеа речиси сите средби во градот со една единствена изјава „Те чекам кај Чичко Стоилко“.
Некој го памети како местото со најубави сендвичи, а некои други пак како збирно место за најлегендарната сендвичара во градот со уникатен наслов „Чичко Стоилко“.
Скопје 2014 „го изеде“ Чичко Стоилко
Овие сендвичари беа едни од омилените на скопјани, кои нудеа убави сендвичи за пристапни цени. Култниот „Чичко Стоилко“ постоеше со децении и беше еден од препознатливите брендови на градот.
Сепак, како дел од проектот „Скопје 2014“,сендвичарите мораа да се отстранат и со тоа да заминат во историјата.
На нивно место се реконструираше зградата во која се сместени канцелариите на ЕВН и ЕЛЕМ, кои се во барок стил.
Извор: Градска