Стејт департментот денеска му забрани влез во САД на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко поради негова вмешаност во значителна корупција.
Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија.
Денешната постапка испраќа порака дека Соединетите Држави стојат покрај Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците поврзани со владеењето на правото. Оваа определба ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ, се додава во соопштението.
Г. Т.