ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кина одби да го репрограмира долгот на Србија, Вучиќ за помош се обрати во ЕУ

June 28, 2023 15:12
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Важна вест за љубителите на БРИКС во земјава, кои оваа групација ја гледаат како алтрнативна на ЕУ и НАТО. Оваа вест најдобро отсликува каков голем пријател на Србија е Кина, една од најголемите и највлијателни ченки на БРИКС, како што постојано сака да потенцира српскиот претседател Вучиќ.

Како што пренесува српскиот портал Време, српската влада неодамна се обидела да договори репрограмирање на обврските кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за никакви отстапки.

По негативниот одговор, српскиот претседател Александар Вучиќ го свртел кормилото, и побарал помош од луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел на маргините на европскиот самит во Молдавија.

Кинезите не се заинтересирани за отстапки, да се свртиме кон ЕУ

Така, како што дознава Демостат, Владата на Србија неодамна се обидела да договори репрограмирање на обврските кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за никакви отстапки.

Според податоците на Управата за јавен долг, Србија во моментов има обврски од вкупно 2,26 милијарди евра кон Export Import Bank of China, институцијата преку која одат речиси сите кредити што ги земаме од оваа земја.

Дополнително, има и долг од 23,78 милиони евра кон унгарската филијала на Банката на Кина за изградба на канализациска инфраструктура во 11 градови низ Србија.

За сите овие заеми Србија годинава ќе треба да обезбеди 128 милиони евра само за отплата на главнината, како што покажува пресметката на Демостат врз основа на податоците од буџетот на републиката за 2023 година.

Исто така, 2,2 милијарди евра е моменталната состојба на српскиот долг кон Export Import Bank of China, значително помалку од вкупниот договорен обем на кредити со оваа банка.

Србија склучила договори за заем со Кинезите во вкупен износ од најмалку 4,3 милијарди евра, од кои 2,2 се само тековниот долг.

Затоа, не е чудно што Министерството за финансии се обиде да ги презакаже растечките обврски кон Кинезите за да го намали ударот што ќе го претрпи буџетот следната година. Но, досега не успеа.

Како што дознава Демостат, откако Кинезите одбиле да одложат дел од српските обврски, Владата се обратила кон партнерите од Европската унија, (со кои предходно се конфронтира по разни прашања) во обид да обезбеди поповолно рефинансирање.

Останува да почекаме да видиме како ваквиот развој на настаните ќе се одрази на понатамошната српска политка кон Кина (и вкупно кон членките на БРИКС, меѓу кои и Русија), и Европската Унија, и нејзините барања за проактивен однос на Србија кон санкциите кои ги воведе ЕУ кон Москва, но и за состојбата во Косово, од која во многу ќе зависи поддршката ( политичка и финансиска) што Србија ќе ја добива од ЕУ.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: ЕУКинаСрбија
Next Post
Фото: Tarasov Volodymyr/Ukrinform

Хрватски сабор со декларација го призна како геноцид Гладоморот врз Украинците

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk