Решението што го понуди Ковачевски на лидерската средба беше прифатено, а сега ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се извади дека не било така, посочи новинарот Зоран Иванов на панелот на ЦИВИЛ на тема „Уставни измени – Исток или Запад“.
-Нивниот лидер беше јасен на прес-конференцијата, но што се случи во наредните неколку часа за да се смени ставот за 180 степени? Еве ќе се вратам и малку историски, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била партија која нудела прогрес за Република Македонија, вели Иванов.
Тој повтори дека Македонија е држава членка на Обединетите нации и таму е јасен нашиот идентитет и таму е депониран нашиот македонски јазик.
-Се создаде многу магла во јавноста и премногу манипулации, но договор мора да има, бидејќи нема друга перспектива. И СДСМ ќе мора веројатно уште за нешто да попуштат, рече Иванов.
Иванов вели дека сепак е оптимист, и дека ќе преовладее разумот.
-Сепак е нејасно кои беа силите во тие неколку часа што го фатија и повлекоа Мицкоски назад, иако прифати и министерски места. Сметам дека со помош на меѓународната заедница ќе се изнајде некакво решение како компромис. Не може ВМРО-ДПМНЕ да биде партијата која ќе ни го штити идентитетот од Бугарите, кога тие личности имаат адреси на некакви бандери на улици во Бугарија. ВМРО треба да расчисти со тие структури, рече Иванов.
„Внесување на Бугарите се само алатка за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Околу 80 отсто од граѓаните стравуваат дека ќе ни го земат идентитетот, но не можат да објаснат како ќе ни го земат“, вели Иванов.
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Преземено: Цивил Медиа