Новинарот и коментатор на политичките случувања, Ацо Кабранов, во изјава за Фронтлајн во врска со уставните измени и гласањето на пратениците, смета дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ секогаш недостасувала внатрешна демократија, но со Мицкоски на чело и самите членови се свесни дека владее диктатура.
„Не сум сигурен дека, и да има пратеници кои се за уставни измени дека ќе се осудат да дигнат два прста истите да се усвојат. Не се работи за тие фамозни изјави заверени на нотар, туку според мене страв дека ќе бидат линчувани од своите по налог на Мицкоски и другите од раководството. ВМРО-ДПМНЕ биле секогаш радикални со тнр. непослушните, се заканувале, им демолирале возила, им ги каменувале куќите… Овој пат со Мицкоски на чело мислам дека ќе ги снајде сигурно истото, ако не и полошо. Така да, и да има, нема да се осудат ни да зуцнат, а камо ли да прифатат да гласаат. Според мене во ВМРО-ДПМНЕ секогаш недостасувала внатрешна демократија, но со Мицкокоски и самите членови шепотат дека владее диктатура како со никој друг лидер претходно“, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.
Дестан Јонузи