ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Слонот во стаклената соба – Политичка криза која не се решава со избори

July 3, 2023 12:50
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НАЗМИ АБДУРАХМАНИ 

Со секоја најава за парламентарни избори, пред нас стои не само процес на демократско учество, туку и можност за нова политичка криза. Во нашата политичка реалност, кризите изгледаат како стандарден дел од изборниот циклус, бидејќи партиите и нивните лидери не се согласуваат почесто од што се согласуваат.

Секогаш имаме високи очекувања и надежи дека новите избори ќе донесат стабилност и решенија на проблемите што ги имаме. Но, не можеме да ги пренебрегнеме предизвиците и деловите со кои се соочуваат партиите и изборните учесници. Корупцијата, манипулациите, политичките игри и поделеноста се само дел од нив. Во моментите на избори, политичката криза станува уште поизразена, со остра реторика и конфликти меѓу партиите. И додека граѓаните се загрижени за своите секојдневни проблеми и потреби, политичките лидери се фокусираат на своите партиски интереси и борбата за власт.

Не можеме да ги предвидиме исклучоците, но историјата ни покажува дека политичката криза е сеуште дел од нашиот политички пејзаж. Но, тоа не значи дека треба да се предадеме на безнадежност. Напротив, треба да се вклучиме, да бидеме информирани и да го користиме нашето гласило за изразување на нашите очекувања и прашања.

Владата на ДУИ поддржана од СДСМ…

Ако се обрне внимание на оваа фраза, според многумина националистичка,  која веќе подолго време ја повторува опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, алудира на тоа дека Албанците ја презедоа државата. Дека Албанците ја водат Владата и дека најголемата македонска партија (според последните избори СДСМ) е зависна од ДУИ или како што викаат „приврзок на ДУИ“. Сите нивни претставници синхронизирано го повторуваат ова без прекин, можеби надевајќи се дека ќе остане во главите на македонските гласачи, и така, врежана во нивните мисли да се оди на избори. Можеби ја имаат постигнато целта, но како ќе владеат утре, евентуално ако претпоставиме дека победат на избори!

Уште пред 12 години, кога на изборите во 2011 година победи ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски во македонскиот табор, а од друга страна ДУИ на Али Ахмети победи кај Албанците, се хранеше истиот наратив. Уште тогаш, кога како дел од коалицискиот договор, Министерството за одбрана требаше да го преземе ДУИ, беше преплавено јавното мислење со наративот како може „терорист да стане министер за одбрана“. Стануваше збор за Талат Џафери, денешен претседател на Собранието. Но, и сега наративот е ист за Бујар Османи од како стана министер за надворешни работи на Република Северна Македонија. А од Левица го нарекуваат со пејоративното име „бугар османов“, што имплицира дека е Бугарин, или дека работи за бугарски интереси. Ако  се повикуваме на унитарна држава, а од друга страна постојано се повторуваат вакви јавни изјави, која во основа ја има поделеноста и стравот на една заедница која ќе ни ја земе државата, тогаш сме во постојана политичка криза, а изборите не го решаваат проблемот. Имаме слон во стаклена соба и не го гледаме, а таа го еродира општеството.

За Ахмети, Охридскиот договор, тој од Преспа, и со Бугарија се црвените линии

Охридскиот договор, тој од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се алфа и омега на мирот, стабилноста и безбедноста во земјата, како и црвените линии што ДУИ нема да ги помине во постизборната коалиција.

Со оваа порака, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, во 2020 година истакна дека не може да има партнерство со некој што има намера или прави напори да ги прекрши овие договори, кои, како што рече, „ги релаксирале меѓуетничките односи во државата“. Со други зборови, за нас Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија се црвени линии. Партнерство не може да има ако некој цели и се обиде да ги прекрши овие договори“, рече тогаш Ахмети.

Ако се анализира оваа изјава дадена во 2020 година, кога беше време на коалиции и кои досега не се забележани дека се повлечени, имаме длабока политичка криза. Зошто? Затоа што имајќи ги предвид изјавите на ВМРО – ДПМНЕ за Договорот од Преспа, кои можеме да кажеме дека донекаде го прифатија, но не и тој со Бугарија, тогаш сме во криза не само политичка туку и системска. Од една страна ја имаме албанските партии која речиси со акламација ги имаат инкорпорирано овие политички договори, а од друга страна ја имате најголемата македонска партија која континуирано нагласува дека ќе го ревидира договорот, иако тоа е невозможно. Тогаш ние имаме криза, и тоа постојана.

Ако се повикаме на анкетите, излегува дека Демократската унија за интеграција сè уште ужива популарност кај албанските гласачи. Во секоја анкета водат со висок процент за разлика од нивните политички противници БЕСА, Алијанса за Албанците, Алтернатива. Во некои со 6 проценти, во некои со 7 проценти и до 9 проценти. Но, она што е сигурно е дека ДУИ продолжува да биде политичката сила која добива гласови. Тогаш испаѓа дека ВМРО-ДПМНЕ и да добие 80 пратеници, не може да најде коалициски партнери во албанскиот табор, не само во ДУИ. Ако се земе предвид овој факт, тогаш лесно може да се дојде до заклучок дека политичките сили во земјава нема да можат да најдат средина.

Дијаметралните спротивни ставови помеѓу политичките партии можат да предизвикаат предизвици и пречки за формирање на стабилна влада. Вакви спротивни ставови можат да резултираат во политичка парализа и блокада на процесот на одлучување. За да се формира стабилна влада, потребно е да има доволна сличност во ставовите и спремност за компромиси и колаборација помеѓу политичките партии. Дијалогот и наоѓањето на заеднички точки можат да бидат од суштинско значење за стабилна и функционална држава. Од друга страна, кога спротивните ставови се претерано идеолошки и инфламаторни, може да се создаде длабоко поделено општество и политичка неконструктивност. Затоа, потребно е да се наоѓа баланс помеѓу различните ставови и да се постават интересите на граѓаните и стабилноста на државата како приоритети. Да вложиме напори, со цел конечно да го видиме слонот во собата и да го извадиме, без да скршиме стакло.

Извор Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИполитичка криза

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk