Вчера утрото во 10.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес лишен е од слобода А.А.(31) од Велес, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени 19 пакувања со кафеава прашкаста материја.
Како што информираат од МВР, лицето е приведено и задржано во Полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.