Преполни контејнери и куп ѓубре околу нив е сликата денеска што го опишува Скопје. На социјалните мрежи осамнаа фотографии од некои населби во главниот град, глетка што вознемирува и буди гнев кај граѓаните. Што ли прави јавното претпријатие Комунална хигиена?
Граѓаните ја бараат одговорноста во скопската градоначалничка Данела Арсовска и нејзината директорка на Комунална хигиена, Косана Мазнева предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Имајќи ги предвид високите температури, доколку веднаш не се преземат мерки ова навистина претставува сериозен извор на зараза.
Г. Т.