ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Kindergarten politik

July 11, 2023 11:00
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Невозможно беше да се воздржам од адресирање на ѓубраџискиве состојби. Симптомите на нашата неизлечива болест непозната во автоимунолошките, самоутепувачки пориви на народите низ светот што се јадат самите себе.

Поточно, ова што ни се случува е показна вежба за тоа како преку локалната власт на ВМРО може да се испланира комплетно вандализирање на целата држава – со самоубиствени и усмрдени контаминации. Како поинаку, што си мислевте?!

Прво, тенденциозно да нè закопа во ѓубре, а потоа демек со по некоја вештерска летечка метла ќе ни мавтаат дека, ете, доаѓаат свесните и одговорни ВМРО-овци да ја спасат Маќедонија?!

Тоа е другарчиња, слика и прилика како најпластично изгледа во реалноста планот за иднината и за прогресот на државата на Мицкота.

Како контејнер!

Усмрден и контаминиран.

Откако ќе нè фрли во амбисот кој ќе го создаде од исклучиво лични и никакви други поинакви амбиции најверојатно дури тогаш, ќе се “фати за работа” и за нашата ЕУ перспектива.

Екстремно плитко. Тотално неодговорно. Алчно до бескрај.

И, уште нешто: Немало да комуницираат. Уф, се потресовме!  Мислам стварно страва и ужас – од патетикава.  Киндергартен политик. Ред солзи, ред мрсули.

Искрено, не гледам некоја особено вознемирувачка пресвртница со оваа “радикализација во прекинот на секаквата комуникација” ( ха ха ха ха) Дека до сега комуникацијата беше врвна, суштествена и конструктивна… Не, туку беше сведена на мумлање и кукање, така што желбата е ништо повеќе од тоа да се самофакторизираат, а попатно ако може и да изнудат политичка криза која они треба да ја решат – Pulp Fiction.

Не знам уште кој не му (у)кажа, а верувам и дека многумина блиски му шепнале дека ако паднеме на оваа лесна формална препрека – наречена внесување на Бугарите и другите во Уставот, сигурно ќе ни требаат барем најмалку 15 години да дојдеме до точката на која сме сега и тоа во идеални услови (што би се рекло лабораториски: ceteris paribus), a кои се разбира дека нема да бидат такви во реалноста, затоа што со сигурност ќе излеземе од фокусот на интерес на нашите стратешки партнери. И во едно такво сценарио ќе бидеме приморани на многу поголеми и посуштествени и не само уставни измени. За внатрешните превирања и можните сценарија не сакам да отварам дискусија. Тие се особено загрижувачки и линеарно се движат од бугарско сценарио, до авторитаризам и внатрешна дестабилизација, па се до имплозивна меѓуетничка тензија, а во сите случаи тие се придружени со сериозни безбедносни опасности.

Се надевам дека оние што му шепкаат на Мицкота ќе се охрабрат и ќе станат погласни. Се надевам, затоа што, надежта последна умира, дури и кај такви како мене.

Приказните за нова преговарачка рамка, за ревизија на Преспански, се невозможни и неостварливи! Доста лажете! Освен, во случај, доколку намерата не ви е да се вратиме во едни многу понеизвесни состојби и да се испентериме на безбедносен ролеркостер. Сме виделе многу лажги со опашки од “демократските” идеи на ВМРО, но, овој пат влогот е многу сериозен и е огромен, па крајно време е да се отпишете од градинката и да ја напуштите kindergarten politik.

ПС. Ако имате скришни планови каде ќе ви живеат децата, ние немаме.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.
Tags: Ана Чупескавмро
Next Post

Извршен вонреден надзор во 30-тина предмети поврзани со Рамиз Мерко

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk