Силно невреме денеска го погоди Милано, предизвикувајќи голема материјална штета и прекин на сообраќајот. Поради дрвјата кои паднаа на сообраќајниците одредени делници беа затворени. Блокирани се и неколку железнички линии поради „сериозна штета на станицата Монца“. Возовите во различни правци во Ломбардија доцнат повеќе од еден час, а многу линии се откажани.
Една 58-годишна жена починала откако попладнево врз неа паднало дрво во градот Лисоне. Иако случајните минувачи веднаш повикале помош, спасувачите кои први пристигнале на локацијата не успеале да ја спасат повредената жена. На пожарникарите им требало долго време да го извлечат нејзиното тело од под стеблото, пренесува АНСА.
Leroy Merlin DIY external area after the storm #Milano #WeatherUpdate #thunderstorm pic.twitter.com/bXFzLiR3Ne
— wawwoski & Jack & Timos🐾 🐶🐶 (@wawwoski1) July 24, 2023
Пожарникарите добиле стотици повици да ги санираат последиците од невремето, а ситуацијата е особено проблематична во северозападниот дел на Милано. Три лица се повредени при пад на дрвја врз автомобили во Легнан. Во првиот случај, дрво паднало врз автомобил кој се движел по патот при силно невреме во центарот на градот.
Возачот успеал да излезе од автомобилот без сериозни повреди, но бил пренесен в болница на дополнителни прегледи. Уште три големи дрвја паднаа врз неколку автомобили, при што беа повредени 34-годишна жена и 81-годишна жена, кои со полесни повреди и пренесени в болница. Силен дожд поплави патишта и деловни објекти.
Maltempo ⛈️, nuova bufera con grandine e forti venti su Milano, Monza e Brianza. Nel capoluogo lombardo chiusa la metro M2 per caduta di alberi, Trenord: “Numerosi danni e guasti a causa del maltempo”.#Lombardia #Milano #monza #trenord #brianza #maltempo pic.twitter.com/8EEVFSmIHO
— Libera_informazione_official (@Libera_Info20) July 24, 2023
Дожд со силен ветер ја зафати и провинцијата Варезе. Пожарникарите добиле бројни повици поради паднати дрвја, поплави и оштетени покриви.
Во моментов на територијата на покраината се ангажирани 50 пожарникари со 12 возила. Најпогодени беа областите на границата со провинциите Милано и Комо.
Лошото време предизвика затворање на железничката станица Галарате и оштетување во внатрешноста на станицата Монца.
Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде портокалово предупредување за вечерва поради невреме со грмотевици во регионот на Загреб, извести Дирекцијата за цивилна заштита, објави Индекс.хр.
Во загребскиот регион локално се предвидуваат поизразени врнежи од дожд и грмежи проследени со силен ветер и невреме.
Од Дирекцијата за цивилна заштита известија дека портокалово предупредување за невреме со грмотевици е издадено и за утре во пет региони: Загреб, Риека, Карловац, Госпиќ и Осиек.
DHMZ izdao🟠narančasto upozorenje za danas, 24. srpnja od 19 h za grmljavinsko nevrijeme u zagrebačkoj regiji te za sutra, 25. srpnja 🟠 narančasto upozorenje na grmljavinsko nevrijeme u regijama: Zagreb, Rijeka, Karlovac i Gospić – cijeli dan, a za osječku regiju od podneva pic.twitter.com/hAOspzKu79
— Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH (@RavnateljstvoCZ) July 24, 2023
Граѓаните се повикуваат да бидат подготвени за силни грмежи кои можат да предизвикаат големи штети и да се заштитат од гром. Можни се штети на имот и дрвја, локални поројни поплави, налети на силен ветер и град, како и прекини во активностите на отворено и сообраќајот.
Предупредување за големо невреме е издадено, исто така, и во Словенија, Австрија и Унгарија.
Г. Т.