ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: Земјотресот од 63-та, катастрофа која не сакаме да се повтори

July 26, 2023 13:55
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 60 години од разорниот земјотрес во 1963 година Општина Центар организира изложба на фотографии и видео проекција од најпогодените локации и објекти но и нивниот нов лик и возобнова по земјотресот. Изложбата е отворена во КСП –Јадро каде градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски одржа пригоден говор порачувајќи дека земјотресот од 1963 година претставува длабока лузна која не треба да се заборави ниту да се дозволи да се повтори.

„5 часот и 17 минути, 26 јули 1963 година време и датум кои се врежани како голема лузна на ткивото на нашата општина и град. Природна катастрофа, која посакуваме никогаш да не се повтори, но поради која, работиме напорно во запазување на високите стандарди за безбедни градби. Зашто само така се штити и се сака Центар и Скопје“, изјави Герасимовски.

Притоа Герасимовски ги повика граѓаните да ја посетат изложбата и во следните седум дена напоменувајќи дека општината ја реализира во чест на жртвите од земјотресот и обновата на општината.

„Изложбата е концепирана како мултимедијален настан на кој ќе можете да видиме историски фотографии од неколку периоди од развитокот на Скопје со акцент на територијата на Општина Центар, документарен филм за нашето Скопје, макети од централното градско подрачје, албуми со приватни фотографии и друга меморибилија. Ќе можете да го видите предземјотресен Центар, катаклизмичниот постземјотресен Центар, но и обновениот Центар“, порача Герасимовски.

Герасимовски потсети дека Општина Центар во текот на својата историја преживеала големи катастрофи, но истрајноста била поголема и истата е пресликана преку симболот на фениксот на грбот на Општина Центар. Тој исто така потсети дека опстојувањето на општината и градот целиот народ им го должи на пријателите од другите држави кои во тешките моменти ни дале несебична помош. Благодарение на таа солидарност општината создала нераскинливи врски за развивање на пријателски односи меѓу народите.

Tags: ГерасимовскиземјотресЦентар
Next Post

Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Родос

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk