ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Господине“ Мицкоски, што правите вие тука?

July 26, 2023 13:05
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Колку актуелно звучи и ден денес прашањето упатено до тогашниот, сегашниот, и најверојатно идниот опозициоски лидер, на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во спотот за изборната кампања во 2021 година: „Господине“ Мицкоски, што правите вие тука?

Навистина, што правите вие тука „господине “ Мицкоски… во Македонија, и во политиката воопшто? Или поточно, чии агенди спроведувате?

А според вашата последна изјава: „Европејците нека ја тераат европската агенда, а ние нашата македонска“, би ве запрашал и дали имате лекарско уверениe за деловна пресметливост?

Која е „вашата“, а која е нашата македонска агенда?

Нашата македонска агенда е европската, евроатланската, за која се определија најголем дел од граѓаните од сите националности во државата, а чинам дека и вие и вашата партија, барем декларативно ја поддржавте.

Всушност вие (не, не ви персирам, мислам вие со вашите полтрони) сте една патетична група на опортунисти, кочничари на се што е прогресивно за Македонија, и заедно со сталинистичките леводесничари, собрани во една михајловистичко-рашистичко оска на злото, и нанесувате огромна штета на Македонија, најзиниот европски пат, патот на развојот, на иднината на сите граѓани.

Каков хипокрит!

Вашата агенда е анти-македодонска, агенда на изолација, и повеќе и приличи да се категоризира како белоруска агенда, зошто само во такво опкружување може да живеат вашите назадни идеи и политики. Политики на репресии, говор на омраза, монтирани процеси, влечење на луѓенца за уши, фрлање во ендек на неистомисленици, шамарање новинари…и сето тоа под превезот на патриотизмот, а всушност (не)скриен национализам. Како и еден поранешен каплар кој сакаше да стане канцелар, а откако му успеа тоа, ( со помош на сталинистичките структури во неговата земја) го запали светот, а најмногу несраѓа му донесе на сопствениот народ.

А тоа што се правите недоветен дека не можете да сфатите како тоа сегашните птратеници од власта дигнале два прста за рудникот „Иловица“, а истиот доби концесии од вмровски министер, со вмровски премиер, кога неговата партија, во која тој играше активна улога беше на власт, и тоа што обвинува за корпција откако на црната листа на САД се најде главниот финансиер на ДПМНЕ откако ја преземавте истата, за што, како што слушнавме, му упативте голема благодарност, како негов вечен должник, само ја засилува потребата од лекарско уверение за докажување на вашата деловна пресметливост.

Извор Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕевроинтеграцииизолацијаХристијан Мицкоски
Next Post

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес официјално – на македонски, другите се по одмори

НАЈНОВО

Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

October 2, 2025

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025
Генерирано со ВИ

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа го отфрли планот на Трамп за прекин на војната

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk