ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МЖСПП: 10 милиони евра од ИПА 3 Програмата за животна средина наменети за справување со аерозагадувањето во Скопје, Битола, Тетово и Куманово

July 26, 2023 18:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Денес во Битола, во присуство на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и градоначалниците на Битола, Тетово и Куманово, Коњановски, Касами и Димитриевски, шефот на Европската делегација во нашата држава Дејвид Гир и Џани Волпин од  Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS) го потпишаа договорот за имплементација на проектот ЕУ за чист воздух.

Денес во Битола, во присуство на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и градоначалниците на Битола, Тетово и Куманово, Коњановски, Касами и Димитриевски, шефот на Европската делегација во нашата држава Дејвид Гир и Џани Волпин од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS) го потпишаа договорот за имплементација на проектот ЕУ за чист воздух.

Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Битола, во присуство на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и градоначалниците на Битола, Тетово и Куманово, Коњановски, Касами и Димитриевски, шефот на Европската делегација во нашата држава Дејвид Гир и Џани Волпин од  Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS) го потпишаа договорот за имплементација на проектот ЕУ за чист воздух.

Средствата се обезбедени преку ЕУ – ИПА 3 Програмата за животна средина, а Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија ќе ги преземе сите потребни мерки за да обезбеди непречено спроведување на активностите и постигнување на очекуваните резултати. Имплементацијата ќе ја спроведува УНОПС, а Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно за целокупната координација на активностите и на засегнатите страни и е носител на дијалогот за секторските политики.

Евроамбасадорот Гир во поздравното обраќање се осврна на проектот и на поддршката што ЕУ ја пружа на државата на патот кон евроинтеграцијата, како и во подобрување на условите на живот на граѓаните.

„Овие 10 милиони евра се наменети за подобрување на квалитетот на воздухот во четири града, Битола, Куманово, Скопје и Тетово. Тоа вклучува практична соработка со Владата и засегнатите локални општини, вклучува спроведување на поеколошко греење во 70 општински згради, засадување 6000 садници, инсталирање на три станици за мониторинг на квалитетот на воздухот, обезбедување шест еколошки автобуси во Скопје, како и поддршка на проширувањето на централното греење во главниот град.  Ова е само уште еден пример за тоа како помошта од ЕУ може да ги подобри животите на граѓаните и да придонесе за одржливо современо живеење“, истакна Гир.

„Загадувањето на воздухот е еден од најголемите предизвици во животната средина особено во урбаните центри, со сериозни здравствени и економски последици. Токму затоа мора да дејствуваме сега и да дејствуваме заедно за да ги надминеме овие предизвици. Се надевам дека преку овој проект заеднички ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на воздухот за граѓаните, рече Џани Волпин, претставник на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги, УНОПС.

Министерката Шукова нагласи дека во последните години свеста за важноста на животнатата средина и одговорноста на секој поединиц, локалните институции и како и во водењето на меѓусекторски политки е на сѐ повисоко ниво. Таа порача дека само со ваков заеднички пристап можеме успешно да ги реализираме зацртаните политики во животната средина и да постигнеме видливи резултати. Нејзините очекување се дека позитивните искуства од проектот ќе се пренесат и во другите општини во државата.

На настанот се обратија и градоначаниците на трите најголеми и града во државата опфатени со проектот и искажаа подготвеност за соработка и максимална вклученост во реализација на овој комплексен проект со кој се спроведат активности во повеќе детектирани области на интервенција.

Главната цел на проектот „ЕУ за чист воздух“ е да се постигне „Подобрен квалитет на воздухот во големите градови во Северна Македонија“ преку интервенции во 70 системите за греење на јавни згради кои моментално согоруваат јаглен, дрва и тешка нафта и замена  со високоефикасни котли базирани на гас, пред се градинки, училишта и болници,  со што ќе се намалат емисиите на CO2 и PM.

Интервенцијата е комплементарна на „бранот на реновирање“ според Европскиот зелен договор и ќе ги поддржи општините приматели, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, како корисници.

Ќе се интервенира и во намалување на загадувањето што го создава јавниот превоз. Имено, Скопје има развиено Акционен план за зелен град за да ги идентификува најитните еколошки предизвици и да развие насочени инвестициски и политички активности за решавање на тие прашања. Во рамките на овој план, транспортот е препознаен како еден од главните извори на загадување на воздухот (20% од вкупниот број) и ја идентификуваше потребата од обновување на постојниот, застарен автобуски возен парк. Проектот ќе обезбеди 6 автобуси со ниска емисија. Според проценките, како непосреден ефект од обновувањето на автобускиот возен парк, ќе се забележи значително намалување на PМ честички, CO и NOx кои доаѓаат од јавниот превоз.

Исто така, како дел од мерките за одговор на загадувањето на воздухот ќе бидат засадени околу 6.000 дрвја со што покрај ефектот врз намалувањето на количеството на CO2 во атмосферата, ќе се овозможи апсорбирање и на дел од PM честичките,  ќе се ограничат ефектите од урбаните топлински острови, а позеленувањето на одредени локации во градовите, како што е брегот на реката Вардар, ќе ја направи околината многу пријатна и поатрактивна за рекреативни активности.

Со проектот е предвидено обезбедување предуслови за проширување на централното греење во Скопје, бидејќи греењето на домаќинствата е детектирано како еден од главните виновници за загадување на воздухот за време на грејната сезона и учествува со најмалку 32% од вкупните штетни емисии.

Во оваа насока, ИПА планира да финансира изработка на целосна физибилити студија за натамошно проширување на мрежата за централно греење. Ова треба да се изврши во тесна врска со зајакнувањето на Фондот за енергетска ефикасност за поддршка за реновирање на домаќинствата со цел да се приспособат на приклучоците и да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови.

Покрај тоа, овие мерки ќе бидат придружени со интензивна и сеопфатна кампања за подигање на јавната свест и информирање за придобивките од централното греење.

Проектот ќе се спроведува во период од 3 години и е со вредност од 10 милиони евра.

Tags: ИПА 3 Програма за животна срединаМЖСПП
Next Post

Тренчевска: Обезбедуваме подобри услови за работа на стручниот кадар и поквалитетни услуги за граѓаните

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk