ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Започнуваме со распределба на средства на општините за подобрување на водната инфраструкура во државата според утврдeна методологија

July 28, 2023 17:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова одржа прес-конференција на која информираше за распределбатa на средства на општините од заемот од Европската инвестициона банка за подобрување на водната инфраструктура на општините во нашата држава.

Вкупната вредност на заемот за проектот изнесува 50 милиони евра и истиот ќе се отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија. Крајни корисници на средствата од заемот се општините и општините во Градот Скопје.

Шукова информираше дека Mинистерството за животна средина и просторно плaнирање (МЖСПП) со секоја општина ќе склучува договор за донација, а средствата ќе се распределуваат по утврдена методологија за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни, канализациони системи, пречистителни станици и опрема.

Според одлуката на Владата на РСМ за распределба на средства од заемот на ЕИБ по финансискиот договор за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, секоја од општините и општините во градот Скопје ќе добијат по 200.000 евра подеднакво, а од останата сума 16 милиони евра ќе бидат распределени согласно индексот за општински развој и процентот на распределба по планските региони според степенот за периодот од 2018 година до 2023 година, додека преостанатите 18 милиони евра ќе се распределуваат во зависност од бројот на население во општините – 70% и бројот на населените места – 30%.

Според министерката Шукова, оваа распределба е развојна: 46 општини ќе добијат средства помеѓу половина и еден милион евра, на 28 општини ќе им се доделат средства под 500 илјади евра, додека шест општини (7% од вкупниот број на општини) ќе добијат повеќе од еден милион евра.

Таа додаде и дека МЖСПП во изминатиот период презема низа чекори и активности за реализација на проектот – донесена е Одлука за формирање на проектна единица за имплементација на проектот, објавени се два јавни повика за изразување интерес за експерти во единицата, формиран е проектен тим од МЖСПП за имплементација на проектот, доставени се барања до општините за листа со предлог проекти и документација и направена е првична анализа на листата на предлог проекти согласно утврдените критериуми.

Од друга страна, општините доставија листа со вкупно 373 предлог проекти, од кои во овој момент: Скопскиот регион има доставено 67 проекти, Вардарскиот 64, Источниот и Југозападниот по 50, Полошкиот 46, Југоисточниот 40, Пелагонискиот 36 и Североисточниот 20.

Министерката Шукова најави и дека во следниот период се планира одржување на работилници со општините со цел објаснување на процесот и обука за пополнување на проектните прашалници. Исто така, Проектната единица за имплементација и Консултантот ќе работат на подготовка на тендерската папки за секоја од општините.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МЖСППШукова
Next Post

Маричиќ: Важно е да се види кои субјекти злоупотребувале европски средства и сето тоа да го расчистиме докрај

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk