Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, во објава на Фејсбук, истакнува дека Украина и нуди на Словенија хеликоптер за надминување на последиците од поплавите.
„Во врска со големите поплави, кои зафатија речиси две третини од територијата на Словенија, Украина е подготвена да обезбеди хуманитарна помош за Словенија за борба против последиците од природната катастрофа со испраќање на украински хеликоптер да учествува во операциите за пребарување и спасување.
Во границите на достапните можности, украинската страна на секој можен начин ќе ги поддржи пријателите и партнерите кои се наоѓаат во неволја, исто како што тие стојат рамо до рамо со украинскиот народ, помагајќи ни да ја одбиеме руската агресија“, наведува Николенко.