Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на Твитер дека два руски проектила погодиле станбена зграда во градот Покровск во источна Украина.
„Два ракетни напада. Погодена е обична станбена зграда. За жал, има жртви. Спасувачите и сите потребни служби се на терен. Спасувањето на луѓето продолжува“, истакна Зеленски.
The city of Pokrovsk, Donetsk region. Donbas, from which Russia is trying to leave only broken and scorched stones. Two missile strikes. An ordinary residential building was hit. Unfortunately, there are victims. Rescuers and all necessary services are on the scene. The rescue of… pic.twitter.com/zsIA7dR6HR
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 7, 2023
„Мораме да го запреме рускиот терор. Секој што се бори за слободата на Украина спасува животи. Секој во светот кој и помага на Украина ќе ги победи терористите заедно со нас. Русија ќе одговара за се што направи во оваа страшна војна“, додаде тој.
Според шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак најмалку два цивила се убиени во руското гранатирање.
Ракетата погодила станбена зграда и уништила неколку станови. Има многу повредени цивили, а се претпоставува дека повеќе луѓе се заробени под урнатините.
Засега се знае за двајца загинати – жена и маж. Четворица повредени се однесени со брза помош. Спасувачите и медицинските лица работат, напиша Јермак на својот Телеграм канал.
Russian army launched a missile attack on Pokrovsk, Donetsk region.
The rocket hit a residential building. Several apartments were destroyed. Many injured civilians. There are people under the ruins.
Russia calls this “protection of the Donbass people” pic.twitter.com/SW0LryMuDL
— Денис Казанський (@den_kazansky) August 7, 2023
Г. Т.