Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов по повод случувањата на македонската политичка сцена во своја објава на Фејсбук напиша:
Во 1903 година, огромен дел од тогашната македонска политичка интелегенција и македонските пријатели од светот, предупредувале дека Илинденското востание (со силна бугарска поддршка во форма на провокација) е преурането и дека нема шанси да успее.
Инатењето (со сестрана бугарско-руска “помош” слична на актуелнава, со секојдневни провокации на македонците), на дел од тогашната македонска политичка елита, доведе до пропаст на востанието и дотогашната најголемата македонска шанса за создавање на македонска држава и ја уништи таа шанса следните 40 години!
Секоја сличност со 2023 е случајна!!! Или не е?