ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

ТЕЛЕНОВЕЛА Пресента: Данелита се враќа во прегратките на Мицкињо

August 23, 2023 09:19
in АХА!, ДЕНЕС
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Ел Мишелињо

Данелита не можеше веќе да копнее по својот љубен Мицкињо, цврсто беше решена да се врати во прегратките на својата „аморе гранде“. И ќе стори се за да успее во тоа. Па зарем вечно да биде одвоена од својот добротвор, од оној што и ги овозможи најголемите успеси во животот, оној, кој единствен  ја препозна нејзината менаџерска способност, кој ја гледаше како жена, менаџерка, мајка, кралица (на градот кој планираше да го освои). Оној кој пред нејзините нозе ја посла довербата и гласовите на илјадници свои следбеници, роднини, пријатели, сограѓани и соселани.

Порфавор!

Па зарем за неколку тегли мед и десетина лепливи прсти да се откаже од сесрдната поддршка која ја уживаше од својот Мицкињо. Нека одат по ѓаволите, ќе ги истури по улиците на главниот град.

Еве, ако треба ќе му ја врати статуата од големиот десперадос Ќосињо, која како да му ја оттргнаа од срцето, сокриена некаде во темнината на некој магацин за да ја покрие заборав. Но таа не се предаде, по неколкугодишна потрага ја пронајде фрлена на ѓубриштето на историјата, ја изгланца и сега е подготвена да му ја подари на својот кокетињо во знак на помирување.

За да му се додвори на Мицкињо, ќе ургира и кај првиот сосед , Куртињо, патеката од неговиот двор до кокошарникот да го именуваат по идолот на нејзиниот „ми амор“, големиот латинос револуционерос, кабалерос и пистолерос Тодоралес де Алехандрињо.

А Мицкињо, откако доби дојава дека Данелита е подготвена да му се врати, побрза на терасата од својата Бела палата, и бришејќи ги замаглените стакла од своите наочари со растреперените прсти од возбуда, со нетрпение ги броеше миговите кога ќе ја здогледа својата љубена како му ита во прегратка,

Continúa en el próximo capitulo…

Преземено од Цивил Медиа


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

Tags: АрсовскаМицкоскисатира
Next Post

Честитка од Спасовски за Денот на Единицата за брзо распоредување

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk