Не гледам потреба од некаква лидерска средба во моментов, политичките партии треба да размислуваат за европската иднина на државата. Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ станува уште посмешен со своите изјави, вели за „Фронтлајн“ – универзитетската професорка Ана Чупеска.
– Oва веќе станува малку дегутантно, јас не можам да разберам ниту што сака ниту што нуди Мицкоски. Во ред е да сте против уставните измени, но политички некоректно и незрело е да ги нарекуваш измени по “Бугарски диктат”. Но ок. ајде тогаш нека каже по чив диктат и за какви уставни измени е спремен зато што тоа е политичката позиција на ЕУ и таа нема да се смени, особено не на ПОДОБРО за нас. Може само на полошо. Спремен ли е Мицкоски да понесе една ваква одговорност, лично се сомневам. Ниту има храброст ниту визија, само по старите ВМРО-вски пропагандни рецепти пуна уста приказни за мали деца и лажги со опашки. Што му пречи на Мицкоски во содржината и суштината на предлогот за измени? Дури не му пречат ни измените, само не сакал под Бугарски диктат? Господе Боже каква инфантилност, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.
Во тој контекст, додава таа, „не гледам потреба од никаква лидерска средба. За разговор е потребен разум, идеа, конструктивност, и пред сè желба да се изнајде решение кое е најдобро за граѓаните и нивните перспективи, а не кое е решение за ВМРО да добие на избори“.
Д. Ј.