„Се надевам и посакувам уставните измени да не бидат диктирани како форма на опструктивен притисок врз Северна Македонија во процесот на преговори за членство во ЕУ, во пресрет на одржувањето на втората конференција Северна Македонија – ЕУ“, изјави за „Фронтлајн“ – поранешниот министер за надворешни работи на Република Албанија – Едмонд Панарити.
– Прашањето за застапеност и правата на заедниците, вклучително и бугарското, секако мора да се подобри и регулира со уставни измени, но тоа мора да дојде главно како внатрешна политичка волја на сите партии во однос на идентитетот и суверенитетот на земјата. Користењето на ова прашање за тесни политички интереси би било контрапродуктивно. Поради оваа причина, мислам дека мора да се направи паметен избор и решение од политичката елита за да се овозможи соодветна застапеност на заедниците, вклучително и на бугарската, во преамбулата на Уставот. Ова прашање треба да се затвори со договор и консензус што е можно пошироко и да не се отвора подоцна со нови претензии во пристапните процеси во ЕУ, изјави Панарити за „Фронтлајн“.
Д. Ј.