ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска и Агелер во посета на учесници на мултилатерална обука во касарната „Илинден“

August 30, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на специјалните сили на македонската Армија, Вооружените сили на САД и Армијата на Албанија, кои заеднички ги развиваат своите способности и вештини.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Петровска пред специјалците порачала дека и ова заедничко извежбување ја покажува блиската соработка помеѓу сојузниците во НАТО.

– Драго ми е што сите заедно вежбате, ги подобрувате вашите способности и на овој начин ги развивате способностите со што сте секогаш подготвени да реагирате доколку е потребно. Продолжете да работите заедно, затоа што на тој начин сме многу посилни и тоа е нешто на кое ние сите се потпираме, се наведува во пишаната изјава на Петровска.

Амбасадорката на САД се заблагодарила за посветеноста на сите учесници на вежбата и изјавила дека, имајќи ги предвид опасностите со кои се соочува светот, индивидуалната и колективната подготвеност е поважна од кога било порано. Таа истакнала оти е горда на заедничката соработка и се заблагодарила на домаќинот на вежбата.

– Заедничката вежба се реализира во касарната „Илинден“ од страна на здружени состави од специјалните сили од Северна Македонија, САД и од Албанија, согласно претходно утврдено сценарио. Заедничкото извежбување ги зголемува оперативната способност и подготвеноста на специјалните сили. Вежбата започна на 21 август годинава, а ќе заврши на 1 септември. Со учеството и обуката на здружените формации, се постигнува напредок на одбранбените способности, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана.

Tags: АгелервежбаПетровска
Next Post

Трагедија во Националниот парк Плитвички езера, почина туристка од Израел

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk