Повеќе од една година по нападот на Русија врз Украина, жителите на земјите од ЕУ беа прашани дали мислат дека руската инвазија на Украина претставува закана за безбедноста на Унијата.
Мнозинството луѓе во земјите од Евроската Унија сметаат дека руската инвазија на Украина е закана за безбедноста на Унијата, најмногу во Шведска 95 отсто, а најмалку во Бугарија 63 проценти, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци од последниот Евробарометар.
Најмал процент на испитаници кои сметаат така има во Бугарија (63%) и во Романија (69%). Во сите останати земји на ЕУ нивниот број е над 70%.
Во земји како Полска и Литванија, огромното мнозинство луѓе (89%) одговориле дека руската инвазија на Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ. Овие две земји се блиски со Украина и немаат големо искуство со Русија во минатото.
Највисоки проценти се регистрирани во Холандија (90%), Финска (91%), Малта (92%) и Шведска (95%).
Г. Т.