Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските војници напредуваат во контраофанзивата, отфрлајќи ги изјавите на некои западни претставници кои тврдат дека Украина напредува премногу бавно на теренот, пишува Вашингтон пост.
Во контраофанзивата започната пред три месеци, украинските сили повторно зазедоа десетици села, но ниту едно поголемо место или град, што предизвика фрустрација кај неколку американски претставници кои не само што укажуваат на бавен напредок, туку и ја критикуваат целата украинска стратегија.
Украинските сили одат напред. И покрај се и без разлика што некој ќе каже, ние напредуваме и тоа е најважно, истакна Зеленски.
Ukrainian forces are moving forward. Despite everything and no matter what anyone says, we are advancing, and that is the most important thing. We are on the move. pic.twitter.com/emWoZG8WSa
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 2, 2023
Некои стравуваат дека поддршката од Западот може да попушти бидејќи постуденото и дождливото време го забавува напредокот на линијата на фронтот. Покрај тоа, Западот инвестираше милијарди долари во оваа контраофанзива, а Кијив бара уште повеќе.
Според заменик-министерката за одбрана Хана Маљар, украинските сили малку забрзале на југоисточниот фронт на Запорижја, каде, како што тврди таа, ги пробиле првите линии на руската одбрана.
И Белата куќа ја потврди веста за важниот успех. Украинските сили се движат кон Мелитопол, урбан центар во Запорижја под руска контрола.
Г. Т.