“Македонскиот јазик е наследство за идните генерации кое како тестамент го остави токму Конески, за да го користиме, негуваме и почитуваме. Како што и самиот тој го користеше во своето богато творештво и остава трајни вредности во македонската наука и култура во своите вонвременски дела” рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината “ЕУ за македонското културно наследство“.
Тој додаде дека ние сме должни да го заштитиме ова наследносто и да го чуваме аманетот на Конески.
“Македонскиот јазик е словенски и европски, со сета негова посебност, а ние сме горди Македонци на тоа и на наследството што ни го остави џинот од Небрегово – кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески” рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека резултатите од поддршката на ЕУ за културните проекти е видлива на секој чекор ширум нашата земја.