ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расне загриженоста за безбедноста во ЕУ додека Србија продолжува да издава државјанства на Руси по забрзана постапка

September 6, 2023 12:05
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Комисијата на Европската унија уште еднаш изрази загриженост поради тоа што Србија им дава државјанство на државјани на Русија преку забрзана постапка.

Земајќи го предвид големиот број Руси на кои Србија им дава државјанство според олеснети правила, а потоа влегуваат во Шенген зоната без потреба да добијат виза, Комисијата изрази загриженост за потенцијалните безбедносни ризици во блокот, се вели во извештајот што го објави SchengenVisaInfo.com .

Коментирајќи по ова прашање, портпаролот на Комисијата на ЕУ за Радио Слободна Европа истакна дека Србија треба да ја усогласи својата визна политика и да не издава државјанства на Русите преку забрзана процедура.

Понатаму, портпаролот рече дека Србија како земја-кандидат треба да одржува построги правила против Русија и во исто време нагласи дека властите во ЕУ во моментов внимателно ја следат ситуацијата.

„Европската комисија е свесна за големиот број руски граѓани кои се населиле во Србија по руската агресија врз Украина. Како земја кандидат, се очекува Србија постепено да се прилагодува на политиките и одлуките на Европската унија. Комисијата внимателно ја следи ситуацијата и разменува информации со српските власти во врска со присуството на руски државјани во Србија“, се вели во соопштението на портпаролот.

Сепак, портпаролите не открија какви мерки се очекува да преземе Комисијата во случај Србија да продолжи да издава државјанства на Руси по забрзана процедура и да не ја усогласи својата визна политика, како и да ги заостри своите правила.

Ова не е првпат ЕУ да ја изразува својата загриженост за олеснетиот режим на издавање државјанства во Србија. Претходно, во мај оваа година, Комисијата соопшти дека е загрижена поради тоа што Србија дава државјанства на државјани на други земји според поедноставени правила.

Тогаш, портпаролот на Европската комисија рече дека Србија го ризикува својот безвизен режим бидејќи се зголемил бројот на државјани на трети земји кои добиваат државјанства, а потоа влегуваат безвизно во земјите на ЕУ.

„Србија направи важен чекор во приспособувањето на визниот режим кон оној на ЕУ. Комисијата ја охрабрува Србија да продолжи со напорите во оваа насока за да има целосна адаптација“, нагласи портпаролот уште во мај.

Покрај горенаведеното, земјите од ЕУ се пожалија и на зголемен број нерегуларни мигранти кои стигнуваат до блокот преку Србија. Тие рекоа дека значително е зголемен бројот на нередовни пристигнувања од земјите за кои Србија ги укина визите.

Поради оваа причина, ЕУ постојано бара од земјата да наметне построги правила за сите.

Нацрт-законот поднесен од владата во Белград во април прецизираше дека една година привремен престој ќе биде доволна за да им се овозможи на странските државјани кои работеле во локални компании или биле самовработени да добијат српски пасош. Според предходниот закон, странците требаше да живеат во Србија најмалку пет години пред да аплицираат за државјанство, објави Financial times.

Европската комисија предупреди дека го надгледува безвизниот режим на Белград „со цел да ги спречи и ублажи можните безбедносни ризици за ЕУ“.

„Во случај да се смета дека давањето државјанство според шемите за државјанство на инвеститори претставува зголемен ризик за внатрешната безбедност и јавната политика на земјите-членки, безвизниот режим може да биде суспендиран“, се вели во соопштението на Комисијата испратено по е-пошта. Се додава дека минатата година му дала „јасни препораки“ на Белград „ефикасно да се укине или да се воздржи од усвојување шеми за државјанство на инвеститорите“.

Во текот на изминатата година, Брисел безуспешно се обидуваше да изврши притисок врз Белград да го усвои режимот на санкции против Русија, да ги забрани директните летови од земјата и да ги запре руските компании и поединци кои сакаат да ги избегнат забраните за патување од Запад и замрзнувањето на имотот.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: пасошРусијаСрбија
Next Post

Јанаки Митровски контра Апасиев: Кариерата ја почна во Сорос, а сега шиканираш 18-годишни деца како соросоиди

НАЈНОВО

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Cелосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk