ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шпанија до 2027 година ќе издвои 12 милијарди евра за да го поправи недостигот на вода

September 13, 2023 10:58
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шпанија ќе потроши околу 12 милијарди евра до 2027 година за да го поправи хроничниот недостиг на вода предизвикан од глобалното затоплување, со развој на отсолување на морската вода и повторна употреба на отпадните води, објавија денеска локалните власти.

Тој вкупен износ, спомнат за прв пат од извршната власт, ги комбинира парите веќе наменети како дел од плановите изгласани во последните месеци кои влијаат на различните хидролошки басени во земјата. Вклучува и мерки донесени поради сушата со која се соочува земјата веќе две години.

-Климатските вонредни ситуации предизвикуваат се почести и поинтензивни суши, а Шпанија е во ситуација на поголема ранливост од другите земји-членки на Европската унија (ЕУ), се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за еколошка транзиција и за земјоделство.

Според Владата, овие пари ќе бидат наменети главно за развој на инфраструктура за отсолување и повторна употреба на отпадните води, но и за подобрување на цевководниот систем со цел да се намалат загубите, пренесува Бета.

Дел од парите се наменети за поттикнување на развојот на нови технологии и вештачка интелигенција во управувањето со водите.

Шпанија од 2021 година минува низ период на исклучителна суша, а обилните дождови кои паднаа во последните денови не успеаја да ја подобрат состојбата.

Според владините податоци, 27,4 отсто од територијата на Шпанија во моментов е во состојба на готовност поради недостиг на вода.

Недостигот од врнежи се одразува на земјоделското производство кое годинава се очекува да опадне, велат надлежните.

Затоа, производството на жита не треба да надминува 11 милиони тони, во споредба со 18 до 24 милиони во нормални времиња. Ова ќе ја принуди Шпанија да увезува многу повеќе од вообичаено за да ги задоволи своите потреби.

Tags: недостигот на водапоправиШпанија
Next Post

Црвен крст и Црвена полумесечина: Помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Мароко

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk