ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спорот со Софија, Аналитичари: Историјата се злоупотребува за да се манипулира со емоциите на луѓето

September 13, 2023 13:51
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Слична траекторија треба да се изоди и во билатералните прашања со Бугарија, дел од кои се услов во преговарачката рамка на ЕУ за членство на Северна Македонија. Уставните измени не го нарушуваат идентитетот ниту јазикот на Македонците, и треба да се прифатат за да можеме да чекориме побрзо во евроинтеграциите“, вели за „Фронтлајн“, Петрит Сарачини од Институт за медиуми и Аналитика (ИМА), зборувајќи за политичките случувања во земјава во однос на спорот со Бугарија и уставните измени.

Петрит Сарачини

– Билатералните прашања во односите меѓу државите се често поврзани со историјата, и имаат емотивен набој. Во нашиот случај, овие прашања станаа и услови за остварување на нашите евроатлантски интеграции. Првото од нив, спорот за името на државата, беше решено со компромис по кој земјата стана членка на НАТО, а со кој не беше нарушен идентитетот на македонскиот народ, беше признаен македонскиот јазик, но беше јасно омеѓена и одвоена античката историја од историјата на земјата, изјави Сарачини.

Според него, уставните измени не го нарушуваат идентитетот ниту јазикот на Македонците, и треба да се прифатат за да можеме да чекориме побрзо во евроинтеграциите.

– Секако, тој пат ќе зависи многу и од брзината со која државата ќе ги спроведе бараните реформи и усогласување со европската легислатива. Што побргу исчекориме кон таа иднина, толку побргу минатото и историјата ќе стануваат помалку релевантни во политичките случувања и во билатералните односи, подвлекува тој.

Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Од друга страна политичкиот аналитичар и публицист Џабир Дерала смета дека антизападните структури во Северна Македонија исклучително вешто ги користат сите алатки на ултрадесничарскиот популизам и пропаганда. Тие, додава тој, се добри ученици кои ги преземаат методологиите на илибералните и милитантните центри на моќта во регионот и во светот, за да ги постигнат своите цели.

– Во тој контекст, злоупотребата и манипулациите со историските прашања, се меѓу најуспешните алатки со кои се користат антизападните политички, медиумски и бизнис структури во земјата и инсталациите кои работат под диктат на Москва. Тие си поигруваат со емоциите на луѓето на тој начин што креираат наративи кои се потпираат на факти, полувистини и целосни лаги од минатото. Со тие наративи, без оглед на тоа дали се темелат на факти или невистини, се манипулира јавноста. Кога ќе проработат емоциите, луѓето стануваат слепи за фактите, за контекстот и за интересите на државата, нагласува Дерала.

Тој потенцира дека кога ќе го погледнете начинот на кој функционира антизападната пропаганда, ќе се забележи дека историјата се злоупотребува за да се манипулира со емоциите на луѓето.

– Реформските процеси се забавени или сопрени, а некои од нив не се ни започнати. Блокадите од опозицијата и пропагандните операции на домашни и странски центри на моќта, не се единствената причина поради тоа, туку во прашање се и капацитетите на институциите, корупцијата во правосудството и пошироко, како и отсуството на вредности во политичката култура, рече Дерала.

Сите права предвидени со Законот за заштита на правата на заедниците со евентулано внесување на Бугарите во Уставот освен тие ќе ги добијат и Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните кои живеат во Северна Македонија. Македонскиот Устав како највисок правен акт на државата е донесен на 17 ноември 1991 година и досега има претрпено 8 измени со 36 амандмани.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

– Како се злоупотребуваат емоциите и историјата за политички манипулации?

– Аналитичари: Политиката не треба да се води од емоции или историски реминисценции, треба да гледа кон европската иднина

Tags: ЕУПетрит СарачиниСкопјеСофијауставни измениЏабир Дерала
Next Post

Заев: Пет години подоцна, договорот од Преспа донесе многу придобивки за народите на Северна Македонија и Грција

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk